Поврзете се со нас

Uncategorized

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Објавено

на

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.
Потребни квалификации:

*Претходно работно искуство на наведената позиција во монтажа на метални,
алуминиумски, стаклени конструкции, алуминиумска и ПВЦ столарија (ракување со
рачен и електричен алат, теренска монтажа, итн);

*Завршено средно образование;
*Поседување возачка дозвола Б категорија и активно искуство со управување на
моторни возила.

Плата по договор.
Информации на тел:
078 229 425


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Uncategorized

Карневалот во Струмица денес ќе биде откажан дознава „360 степени“

Објавено

на

Владата на седница денес претпладне, како што јави „360 степени”, ќе донесе одлука со која ќе препорача или дури и ќе забрани одржување масовни јавни собири во наредните денови поради коронавирусот.

Одлуката ќе биде логична последица на предлогот што вечерва го утврдил Управувачкиот комитет, највисоката инстанца во системот за управување со кризи во земјава. Овој предлог, пак, доаѓа по препорака на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести кои сметаат дека масовните собирања може да придонесат за ширење на вирусот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Uncategorized

Грипот коси: Струмица и неделава лидер со најмногу новорегистрирани случаи

Објавено

на

Во текот на 2-ра недела од 2020 година (06.01–12.01.2020), пријавени се 583 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 2,8 пати во споредба со минатата недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона е зголемен за 54,2%, а во споредба со бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива се регистрира намалување од 49,9%.

Како и претходните, така и во 2-ра недела најголем број случаи се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 49,1/100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст од 0-4 години.

Оваа недела пријавени се случаи од 18 извештајни единици, од кои во 9 извештајни единици бројот на пријавени е ≥10. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица, 166, додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива ПЕ Дебар со 58 пријавени случаи.

Во 13 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска активност, во 3 е регистрирана сезонска (ниска), а во 2 – Струмица и Дебар – средна активност на вирусот на грип.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Uncategorized

Почина Дени Стојчев поранешен одбојкар на „Џио” и репрезентативец

Објавено

на

Денес, на 32-годишна возраст, почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на „Џио” – Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија.

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 4 недели

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 4 недели

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 4 недели

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 1 месец

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Струмицапред 1 месец

Нов случај на Ковид-19 во Струмица

Министерот Филипче денес на конференција за пресс потврди дека е регистриран нов случај на коронавирус во Струмица. Денес се регистрирани...

Струмицапред 1 месец

Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги...

Популарно