Поврзете се со нас

Струмица

Во сообраќајна несреќа на излезот од Ново Село загина 21-годишно момче, а повеќе се повредени

Објавено

на

На 13.01.2020 во 00.30 часот на магистралниот пат Ново Село – Смоларска крстосница, на излез од Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(24) од село Рич, струмичко, и патничко возило „мерцедес бенз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(23) од Ново Коњарево, струмичко.

Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“, И.И.(21) од село Ново Коњарево, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, а В.Ч. се здобил со телесни повреди.

Повредените биле префрлени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Дел од парите собрани од Богојавленскиот крст Трајче Серафимовски од Струмица ги донираше за операција на Васко Иванов

Објавено

на

Трајче Серафимовски кој го фати Вогојавленскиот крст во Струмица, дел од средствата кои ги собра ги донираше на Васко Иванов.

Васко боледува од нарушување на коленото кое претходно нестручно му било оперирано по што е потребно да се изврши нова операција и целосен третман.

Операцијата која чини 196.000 денари треба да се изврши во приватната клиничка болница „Аџибадем Систина”.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Жителите на Старо Коњарево втор пат на протести: Повторени барањата за стопирање на сечењето на буковата шума над селото

Објавено

на

Денес од 10 до 12 часот се одржа вториот протест на граѓаните на Стато Коњарево за спречување на пробивањето на опасниот шумски пат и сечењето на буковата шума над селото.

Граѓаните бараат одговори од надлежните кој дозволил да се работи таков опасен проект, кој при првите поројни дождови може да предизвика свлечишта и одрони, а воедно ги загрозува и изворите на питка вода за селото. Граѓаните се сомневаат дека се работи воопшто по некој план и согласно важечките законски регулативи.

Воедно од надлежните бараат да се стабилизира тлото во најбрз можен рок за да се спречи повторување на катастрофата од 2004 година.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Започна чистењето на дивата депонија во близина на улица „Антон Панов“

Објавено

на

Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“, по пријава од сопственици на објекти на улицата „Антон Панов“, денес рачно и со механизација започна со чистење на дивата депонија која се наоѓа во тој дел од градот.

Секојдневно работиме на тоа бројот на ваквите депонии кои остават грда слика да се намалат известуваат од јавното претпријатие.

„Укажуваме и апелираме граѓаните да бидат совесни и да не го истураат својот шут и отпад , туку да се јават во Комуналец и истиот ќе биде подигнат во најскоро време, со што би се спречило повторно обновувње на истите диви депонии“ се вели во соопштението на „Комуналец“


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 1 ден

Дел од парите собрани од Богојавленскиот крст Трајче Серафимовски од Струмица ги донираше за операција на Васко Иванов

Трајче Серафимовски кој го фати Вогојавленскиот крст во Струмица, дел од средствата кои ги собра ги донираше на Васко Иванов....

Струмицапред 1 ден

Жителите на Старо Коњарево втор пат на протести: Повторени барањата за стопирање на сечењето на буковата шума над селото

Денес од 10 до 12 часот се одржа вториот протест на граѓаните на Стато Коњарево за спречување на пробивањето на...

Струмицапред 1 ден

Започна чистењето на дивата депонија во близина на улица „Антон Панов“

Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“, по пријава од сопственици на објекти на улицата „Антон Панов“, денес рачно и со механизација...

Струмицапред 1 ден

Тепачка во ресторан на улица „Младинска“ во Струмица

На 25.01.2020 во 15,05 часот 36-годишен маж од Струмица пријавил дека истиот ден околу 4.00 часот додека со пријател бил...

Струмицапред 1 ден

Се кројат дрворедите на улицата „24. Октомври“ поради што ќе биде затворена за сообраќај до 16 часот

Eкипи  од „Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“, денес, продолжија со акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица. Се започна...

Струмицапред 1 ден

Пожар се шири во правец на Моноспитовско блато

Денес, (недела) 26.01.2020 година во 12.20 часот помеѓу селата Банско и Габрово, ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 5...

Популарно