Поврзете се со нас

Струмица

Утре ќе се одржи Јавна расправа за проектот – изградба на нова детска градинка во Струмица

Објавено

на

Во рамките на „Проектот за условени парични надоместоци (УПН Проект)” кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предучилишна возраст, Општина Струмица аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.

Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предучилишна инфраструктура, Министерството за труд и социјална политика и Општината Струмица организираат јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни за активностите за изградба на нова градинка и за документот „Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 08.10.2019 (вторник) со почеток во 12.00 часот во просториите на Домот на АРМ во Струмица.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Детали за сообраќајката која изутринава го затвори патот Струмица – Валандово

Објавено

на

Изутринава на патот Струмица – Валандово, околу 9.30 часот се случи сообраќајна несреќа по што истиот беше затворен за сообраќај.

Во несреќата, како што јави МВР, учествувале автомобил и запрежно возило, а според првичните информации причинета е само материјална штета.

Полициски екипи на местото на несреќата вршат увид.

По кратката забрана за камиони, сообраќајот на патниот правец е нормализиран за сите возила.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Амбасадорката на Обединетото кралство и нејзините соработници во посета на Струмица

Објавено

на

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј и нејзините соработници.

На средбата на којашто присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и секретарот на Општината Александар Оџаков, се разговараше на повеќе актуелни теми, се презентираа капацитетите и можностите за развој на општина Струмица, а заеднички беше потврдена заложбата за унапредување на соработката во повеќе области.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

Објавено

на

Од 10:35 часот сообраќајот на патниот правец Струмица-Валандово кај Куклишка крстосница е нормализиран за сите типови возила. 

Претходно правецот беше затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 14 часа

Детали за сообраќајката која изутринава го затвори патот Струмица – Валандово

Изутринава на патот Струмица – Валандово, околу 9.30 часот се случи сообраќајна несреќа по што истиот беше затворен за сообраќај....

Струмицапред 18 часа

Амбасадорката на Обединетото кралство и нејзините соработници во посета на Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна...

Струмицапред 20 часа

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

Од 10:35 часот сообраќајот на патниот правец Струмица-Валандово кај Куклишка крстосница е нормализиран за сите типови возила.  Претходно правецот беше...

Струмицапред 22 часа

Доделени наградите на Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура – Струмица 2020

Жири-комисијата на 21. Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура – Струмица 2020 изврши селекција на пристигнатите афоризми и карикатури и...

Струмицапред 23 часа

Сузана Гавазова обожава нудистички плажи, а мрази пача

Познатата македонска фолк пејачка, згодната Сузана Гавазова, се појави во Јутуб серијалот „90 секунди”. Атрактивната струмичанка во временски рок од...

Струмицапред 2 дена

Во Струмица се одржа јавна трибина за промоција на новиот Закон за спречување од дискриминација

Локалното координативното тело за заштита од дискриминација и „Мрежата за заштита од дискриминација“ денеска организираа јавна трибина за промовирање на...

Популарно