Поврзете се со нас

Околина

Три нови проекти за подобрување на амбиентот во основните општински училишта

Објавено

на

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, најави три проекти за подобрување на амбиентот во основните општински училишта.

-Тоа се проектите кои што содржат набавување на училишен прибор за деца чии родители имаат пониски примања или се приматели на социјална помош и сите оние проширени категории кои што ги опфаќа Законот за социјална и детска заштита. Околу 820 дечиња ќе добијат бесплатен училишен прибор кој го финансира Општината, се надевам дека ќе биде значителна помош за децата и родителите. Втора година по ред општина Струмица финансира исто така еден убав проект, а тоа е набавка на училишни униформи за сите првоодделенци, околу 620 дечиња ќе добијат бесплатни униформи и еден нов проект кој го најавивме и минатата година, а ќе почне да се применува од оваа година, тоа е здрава ужинка за сите деца. Тоа подразбира здрав оброк, пред се овошје, кој што се надевам дека ќе ги поттикне и децата и родителите на здрави навики со секојдневното конзумирање на овошје, рече градоначалникот Јаневски.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Василево

Една жртва и 10 повредени е билансот од сообраќајната несреќа кај Василево

Објавено

на

Денес (понеделник) 08.06.2020 година, во 18.48 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш (на влезот во селото Василево) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу 2 патнички моторни возила.

Едно лице е починато на лице место, а 10 се потешко или полесно повредени. Користени се специјални хидраулични алатки за да се извадат повредените од возилата.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Ново Село

Ново Село го регистрираше првиот случај на коронавирус објави Општината

Објавено

на

Општина Ново Село објави дека на нејзината територија е регистриран првиот случај на заразено лице со коронавирус.

Како што се вели во соопштението од Општината оваа информација не треба да биде причина за паника, меѓутоа треба да биде апел сите строго да се придржуваат кон мерките и да покажат одговорност во заштита на јавното здравје.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Ново Село

Се запали полициски „Ланд Ровер” на граничниот премин „Ново Село”

Објавено

на

На 11.02.2020 во 15.25 часот на Граничен премин „Ново Село“ било забележано дека излегува чад под хаубата на паркирано патничко возило „ланд ровер“, сопственост на МВР.

Полициски службеници го изгасиле пожарот, а бил извршен и увид.

Засега не се објавени причините поради кои дошло до палење на возилото.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 9 месеци

Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”. Среќната фискална сметка...

Струмицапред 9 месеци

Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари...

Струмицапред 10 месеци

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 10 месеци

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 11 месеци

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 11 месеци

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Популарно