Поврзете се со нас

Струмица

Три лица вербално и физички нападнале докторка во Општата болница во Струмица

Објавено

на


На 23.11.2019 околу 19.15 часот во СВР Струмица Е.К.С(57) од Струмица, доктор во Општата болница во Струмица пријавила дека три лица ја омаловажувале, а едно од нив и  физички ја нападнало.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Општина Струмица го реализира Планот за чист воздух

Објавено

на

Продолжуваме со реализацијата на активностите од Планот за чист воздух. Една од приоритетните компоненти на Планот за чист воздух е директното справување со причините за загадувањето, која ги вклучува мерките кои се однесуваат на замена на начинот на затоплување на јавните објекти, истакна Градоначалникот Јаневски во свое јавно обраќање.

Деновиве се врши промена на нееколошките системи за греење, односно приклучување на гасоводната мрежа на:
-КЛОН 1 на градинката „Детска радост“ кај стариот театар
-Зградата на урбанизам и комунални работи
-Поранешната зграда на ЈПКД „Комуналец“
-Во подрачното училиште „Маршал Тито“ Банско од дрва на ТНГ
-Со добиен грант од 5.000.000 денари од Владата на Република Северна Македонија започна приклучувањето на гасоводната мрежа на болницата.

Јаневски додаде и тоа дека во завршна фаза е промената на дрвената столарија во домот на АРМ со што се зголемува енергетската ефикасност на овој објект.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Ученикот Ненад Петров прогласен за најдобар играч – Се одржаа училишните игри по повод Денот на заштитниците на Струмица

Објавено

на

Денот на заштитниците на Струмица, Свети 15 Тивериополски свештеномаченици, учениците од средните и основните училишта од општина Струмица, го одбележаа со спортски натпревари.

Во конкуренција на средни училишта, првото место во баскет го освои екипата на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, а во конкуренција на основни училишта, првото место во кошарка го освои ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.

За најдобар играч беше прогласен ученикот Ненад Петров.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

СКУП: Општина Струмица рекордер во потрошени средства за репрезентација

Објавено

на

И покрај јавните заложби за домаќинско и рационално раководење со буџетот, во реалност повеќето од општините продолжуваат да не штедат кога се во прашање народните пари. Истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека 64 општини од Република С.Македонија, само за репрезентација во последните три години, вкупно потрошиле 2.220.634 евра. Во просек, во овој временски период секоја општина потрошила по околу 34 илјади евра, или над 11 илјади евра годишно.

Општина Струмица рекордер во трошењата за репрезентација во споредба со останатите општини. Во последните три години оваа единица на локалната самоуправа, само за гозби останати активности за застапување на институцијата, по угостителски објекти и фирми направила сметка во износ од 230.073 евра. Втора на листата е Струга со 169.648 евра, следена од Прилеп со 161.866 евра, Битола 153.392 евра и Ѓорче Петров 101.535 евра. Додека пак, најмалку потрошила општина Пласница, 1.155 евра, а до 3.000 евра потрошиле Зрновци, Ранковце, Кратово и Студеничани.

Според правилниците во општините, под поимот „репрезентација“ се подразбираат средства кои се користат за одржување и одбележување на настани, годишници, празници, семинари, работилници, како и настани и активности од интерес на работењето на општините. Средствата најчесто се однесуваат на освежителни и алкохолни пијалаци, храна, карти за спортски и културни настани, подароци за посебни прилики како сувенири, марами, вратоврски, нотеси, канцелариски прибор (пенкала), календари и друг репрезентативен материјал. Во репрезентација вклучени се и организирани посети, работни состаноци со внатрешни соработници и надворешни претставници на делегации, државни институции итн.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 3 дена

Општина Струмица го реализира Планот за чист воздух

Продолжуваме со реализацијата на активностите од Планот за чист воздух. Една од приоритетните компоненти на Планот за чист воздух е...

Струмицапред 3 дена

Ученикот Ненад Петров прогласен за најдобар играч – Се одржаа училишните игри по повод Денот на заштитниците на Струмица

Денот на заштитниците на Струмица, Свети 15 Тивериополски свештеномаченици, учениците од средните и основните училишта од општина Струмица, го одбележаа...

Струмицапред 4 дена

СКУП: Општина Струмица рекордер во потрошени средства за репрезентација

И покрај јавните заложби за домаќинско и рационално раководење со буџетот, во реалност повеќето од општините продолжуваат да не штедат...

Струмицапред 4 дена

Куклиш доби нова детска градинка

Денес во село Куклиш беше пуштена во употреба новата детска градинка. На свеченоста по поводот беа присутни Министерката за труд...

Струмицапред 4 дена

Автомобил излетал од патот на делницата Робово – Муртино

Денес 12.12.2019 година (четврток) во 02.18 часот на патот Робово – Муртино, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4...

Струмицапред 5 дена

Струмичани среќни со Државна лотарија: Сузана си доби најнов „iPhone“, Жанко 20.000 денари

Сузана Мурова од Ново Село, Струмица е најновата добитничка на мобилен телефон iPhone XR од инстант лозот „Среќен роденден“. Добитниот...

Популарно