Струмица
Струмичките пожарникари кои учествуваа во спасувачката мисија во Албанија на прием кај градоначалникот Јаневски

Струмичките пожарникари кои пред шест дена, по катастрофалниот земјотрес во Драч, Албанија, заминаа како дел од македонската екипа за помош во мисијата за спасување на настраданите, денес беа примени од страна на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.
Тој ги пофали за нивната храброст и пожртвуваност, а се интересираше и за извршувањето на нивната спасувачка мисија.
На крајот од средбата градоначалникот им порача дека цела Струмица е горда на нив.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Општина Струмица го реализира Планот за чист воздух

Продолжуваме со реализацијата на активностите од Планот за чист воздух. Една од приоритетните компоненти на Планот за чист воздух е директното справување со причините за загадувањето, која ги вклучува мерките кои се однесуваат на замена на начинот на затоплување на јавните објекти, истакна Градоначалникот Јаневски во свое јавно обраќање.
Деновиве се врши промена на нееколошките системи за греење, односно приклучување на гасоводната мрежа на:
-КЛОН 1 на градинката „Детска радост“ кај стариот театар
-Зградата на урбанизам и комунални работи
-Поранешната зграда на ЈПКД „Комуналец“
-Во подрачното училиште „Маршал Тито“ Банско од дрва на ТНГ
-Со добиен грант од 5.000.000 денари од Владата на Република Северна Македонија започна приклучувањето на гасоводната мрежа на болницата.
Јаневски додаде и тоа дека во завршна фаза е промената на дрвената столарија во домот на АРМ со што се зголемува енергетската ефикасност на овој објект.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Ученикот Ненад Петров прогласен за најдобар играч – Се одржаа училишните игри по повод Денот на заштитниците на Струмица

Денот на заштитниците на Струмица, Свети 15 Тивериополски свештеномаченици, учениците од средните и основните училишта од општина Струмица, го одбележаа со спортски натпревари.
Во конкуренција на средни училишта, првото место во баскет го освои екипата на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, а во конкуренција на основни училишта, првото место во кошарка го освои ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.
За најдобар играч беше прогласен ученикот Ненад Петров.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
СКУП: Општина Струмица рекордер во потрошени средства за репрезентација

И покрај јавните заложби за домаќинско и рационално раководење со буџетот, во реалност повеќето од општините продолжуваат да не штедат кога се во прашање народните пари. Истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека 64 општини од Република С.Македонија, само за репрезентација во последните три години, вкупно потрошиле 2.220.634 евра. Во просек, во овој временски период секоја општина потрошила по околу 34 илјади евра, или над 11 илјади евра годишно.
Општина Струмица рекордер во трошењата за репрезентација во споредба со останатите општини. Во последните три години оваа единица на локалната самоуправа, само за гозби останати активности за застапување на институцијата, по угостителски објекти и фирми направила сметка во износ од 230.073 евра. Втора на листата е Струга со 169.648 евра, следена од Прилеп со 161.866 евра, Битола 153.392 евра и Ѓорче Петров 101.535 евра. Додека пак, најмалку потрошила општина Пласница, 1.155 евра, а до 3.000 евра потрошиле Зрновци, Ранковце, Кратово и Студеничани.


Според правилниците во општините, под поимот „репрезентација“ се подразбираат средства кои се користат за одржување и одбележување на настани, годишници, празници, семинари, работилници, како и настани и активности од интерес на работењето на општините. Средствата најчесто се однесуваат на освежителни и алкохолни пијалаци, храна, карти за спортски и културни настани, подароци за посебни прилики како сувенири, марами, вратоврски, нотеси, канцелариски прибор (пенкала), календари и друг репрезентативен материјал. Во репрезентација вклучени се и организирани посети, работни состаноци со внатрешни соработници и надворешни претставници на делегации, државни институции итн.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
-
Uncategorizedпред 7 дена
Почина Дени Стојчев поранешен одбојкар на „Џио” и репрезентативец
-
Струмицапред 1 недела
Градоначалникот Коста Јаневски бара поништување на договорот на „Комуналец“ за наем на приватна фирма за собирање смет
-
Струмицапред 1 недела
Утрово се запали куќа во Пиперево
-
Струмицапред 6 дена
Камион удри во електричен столб во Турново
-
Струмицапред 5 дена
Струмичани среќни со Државна лотарија: Сузана си доби најнов „iPhone“, Жанко 20.000 денари
-
Струмицапред 2 недели
На средбата со извршителите во Струмица не се појави ниту еден граѓанин
-
Струмицапред 5 дена
Во Струмица ќе се отвори школа за родители
-
Струмицапред 3 дена
Општина Струмица го реализира Планот за чист воздух