Поврзете се со нас

Струмица

Струмичките гимназијалци вечерва со спектакуларен јубилеен новогодишно-божиќен концерт

Објавено

на

Вечерва во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи „Деценија 2020“, јубилејниот новогодишно-божиќен концерт на гимназијалците од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица.

Годинешниот концерт, кој ќе одбележи една деценија од негова организација, ќе се реализира во нов формат, за кој организаторот не штедеше на епитети, нарекувајќи го спектакуларен.

Новиот музички проект ќе ги врати во кабинетот по музика и на сцена голем дел од поранешните ученици кои настапувале на изминатите девет концерти. Ова ќе биде уникатен и масовен настан со спој на сегашните и поранешните ученици, стои во најавата за настанот.

Во изминатите девет години на концертите настапија 580 ученици, а во публиката ги следеа над 8.500 посетители. Околу 470.000 денари од собраните средства од продадени влезници се донирани на наши сограѓани, а 90.000 од средствата се искористени за купување нова музичка опрема во кабинетот по музика во СОУ „Јане Сандански“.

Влезниците за двата термини, од 18:00 и 20:00 часот се веќе распродадени.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Објавено

на

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”.

Среќната фискална сметка која на Наталија и донела 100.000 денари била во износ од само 160 денари.

Среќната Наталија упати порака до сите учесници во наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда да ја скенираат секоја сметка, затоа што секоја сметка е важна.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Објавено

на

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа на превртено комби возило. Употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Објавено

на

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца, кадети, јуниори и сениори.

Карате клубот „Шихан“ од Струмица освои 4 златни и еден сребрен медал.

Наградените учесници со златни медали се: Милош Китановиќ – „деца”, Александра Стојановска – „кадети”, Максим Илиев – „кадети”, Спасе Стојанов – „сениори“, додека сребрениот медал му припадна на Филип Пасков во категорријата „деца”.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 3 дена

Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”. Среќната фискална сметка...

Струмицапред 1 недела

Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари...

Струмицапред 1 месец

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 1 месец

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 1 месец

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 1 месец

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Популарно