Поврзете се со нас

Струмица

Струмички риболовци фатија сом од 50 килограми во Дојранското езеро

Објавено

на

Младите риболовци од Струмица, Никола Полизовски и Александар Христоманов, на Фејсбук споделија фотографии од нивниот трофеен улов.

Се работи за сом со тежина од 50 килограми уловен во Дојранското езеро.

Тие на Фејсбук напишаа „Денеска имавме среќа да ни удри трофејна риба во преубавото Дојранско езеро и тоа, во судиското продолжение. Носеше, тресеше некои 15-20 минути, па со одлучно прифаќање со двете раце во уста си влезе во чамец. Вагата застана на 50 килограми. Поздрав и бистро на сите“.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Струмица

Обид за силување: Со закани се обидел да изврши обљуба над партнерката на својот брат

Објавено

на

На 28.03.2020 во 20.35 часот во СВР Струмица, Џ.М.(40) од с.Баница, струмичко, пријавила дека околу 19.30 часот, додека била во куќа во с.Баница, сопственост на Т.М. со кого живеела вонбрачно, дошол неговиот брат Д.М., кој со закана со тврд предмет се обидел да изврши обљуба врз нејзе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Регистриран првиот случај на коронавирус во Струмица

Објавено

на

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопшти министерот Филипче на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово –  1, Гевгелија – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице.

Во изминатото деноноќје од вирусот починаа две лица, едно на 31 и друго на 91-годишна возраст. Бројката на вкупно починати денес се искачи на 6.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Ќе продолжат реконструкцијата и реставрацијата на Цареви Кули и уредувањето на патеките

Објавено

на

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска го потпиша договорот за грант од Европската унија и Владата на Република Северна Македонија за реализација на неколку капитални проекти кои ќе се спроведат во општина Струмица во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност и тоа: 

– Реконструкција и реставрација на Цареви кули

– Осветлување на бедемите и кулите на тврдината Цареви Кули 

– Доуредување на трим патеката  Ловен дом – Св. Илија 

– Изградба, уредување и осветлување на пешачка патека Ловен дом – Цареви Кули

– Уредување на планинско велосипедска патека Чам-чифлик – Св. Илија 

Овие капитални проекти ќе започнат да се реализираат во почетокот на месец јуни и имаат за цел надградба на туристичката понуда на општина Струмица, заштита на културно-историското наследство, подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура, но и создавање на подобри и побезбедни услови за граѓаните на општина Струмица за спорт, рекреација и прошетки на ридовите над градот. 

Иако овој период овие активности се ограничени заради спречување на ширењето на корона вирусот, многу брзо, по нормализирањето на состојбата во државата ќе ќе создадат пријатни услови за дружење, прошетки во природа и подобрување на физичкото здравје на граѓаните.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 3 дена

Обид за силување: Со закани се обидел да изврши обљуба над партнерката на својот брат

На 28.03.2020 во 20.35 часот во СВР Струмица, Џ.М.(40) од с.Баница, струмичко, пријавила дека околу 19.30 часот, додека била во...

Струмицапред 3 дена

Регистриран првиот случај на коронавирус во Струмица

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно...

Струмицапред 4 дена

Ќе продолжат реконструкцијата и реставрацијата на Цареви Кули и уредувањето на патеките

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска го потпиша договорот за грант од Европската унија и Владата на Република Северна Македонија за реализација...

Струмицапред 6 дена

[ФОТО] Во пожар изгореа ТВ „Вис“ и други субјекти, а повредени се и пожарникари

Денес, (среда) 25.03.2020 година, околу 02.00 часот, во просториите на Регионалната телевизија „ВИС“ како и простории на еден текстилен погон...

Струмицапред 1 недела

Камерата на ТВ „Вис“ во живо забележа апсење поради непочитување на полицискиот час во Струмица

Телевизија „Вис” во синоќешниот пренос во живо на социјалните мрежи, од состојбата на струмичките улици за време на полицискиот час,...

Струмицапред 1 недела

СЕ ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Од утре се забранува движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за уште една мерка што за прв пат се воведува во историјата на...

Популарно