Магазин
Слушнете ја евровизиската „You” на Васил Гарванлиев

Струмичанецот Васил Гарванлиев годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија.
Тој во Ротердам пред европската публика ќе настапи со песната „You”, дело на авторката Невенка Нешковска, а текстот на Невенка, нејзината сестра Калина Нешковска.
Песната премиерно денес беше прикажана во „Дневникот“ на МРТВ.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Магазин
Мајка ѝ на Александра Јанева во солзи ја пее емотивната „Врати ми го Сонцето“

Едно од најголемите музички имиња во Македонија, струмичанката Александра Јанева е активна и на социјалната мрежа „Тик Ток“.
Додека снимаше пијано верзија од нејзиниот најголем хит, макфестовскиот победник, „Врати ми го Сонцето“ и се придружи и мајка ѝ, која пеејќи ја емотивната балада заврши во солзи.
Александра вели дека за прв пат ја слуша мајка ѝ како пее и ја бодреше во текот на целото видео.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Магазин
Откажана Евровизија 2020

Најголемиот музички настан во светот, Изборот за песна на Евровизија, кој годинава требаше да се одржи во Ротердам, Холандија е откажан поради пандемијата со коронавирус, изјавија челниците на фестивалот.
Во соопштението објавено на официјалната веб страница се вели дека ќе се направат сите напори во 2021. година настанот повторно да се одржи во Ротердам, но засега нема официјални информации.
Годинава Македонија требаше да ја претставува струмичанецот Васил Гарванлиев, со песната „You“.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Магазин
„You” е насловот на песната со која Васил Гарванлиев ќе нѐ претставува на Евровизија

Годинава во Ротердам, Холандија, на 65-тото издание на Изборот за песна на Евровизија ќе нѐ претставува струмичанецот Васил Гарванлиев со песна која го носи насловот „You”.
„You” е музичко дело на авторката Невенка Нешковска, а текстот на Невенка, нејзината сестра Калина Нешковска и извесна Алис Шредер од академијата „Беркли”.
Во моментот песната е сѐ уште во продукциско оформување, по што какао што известуваат од Националниот телевизиски сервис ше следуваат повеќе детали и дата за нејзина промоција.
Годинава Васил настапува во првата половина од првото полуфинале кое според познавачите на фестивалот важи за поквалитетно, што по себе значи и помали шанси за пласман во финалето.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.