Поврзете се со нас

Струмица

Седум лица од Заводот „Бања Банско” добија свои станови

Објавено

на

По над 20 години живот во институција 7 лица од Заводот „Бања Банско“ добиваат сопствен, топол дом.

Министерката за труд и социјала Мила Царовска им честиташе на жителите на новите станови и на нивната желба, упорност и храброст да продолжат да живеат самостојно.

„Ние сме секогаш тука да ги поддржиме, да им овозможиме полесно и поквалитетно секојдневие”, рече Царовска при предавање на становите.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Во Струмица беше одбележан 18-ти Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе

Објавено

на

По насоките од страна на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, а во склоп на редовните активности на Црвен крст на Република Македонија Општинската организација Струмица на ден 18.10.2019 год. координирано се одбележа “18 Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе”.

Денот се одбележа со организирање на едукативна работилница во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица на учениците како најранлива категорија на лица подложни на трговијата со луѓе.

Едукативната работилница ја спроведоа врсничките едукатори на Црвен крст Струмица во соработка со вработените од одделот за превенција при СВР Струмица.

На работилницата беа присутни 61 ученик, кои активно беа вклучени во работилницата, имаа повеќе прашања на оваа тема и подробно се запознаа со проблематиката на трговијата со луѓе.

Со тоа се оствари целта за превенција и спречување на оваа негативна појава, младите да знаат кому и како да кажат не а со тоа да се намали бројот на жртвите на трговијата со луѓе.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Одржана втората сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица

Објавено

на

Се одржа и втората форумска сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица 2019/2020.

Граѓаните и овој пат се вклучија активно во креирањето и реализацијата на општинскиот буџет.

На оваа сесија беа презентирани остварените приходи во буџетот во 2019, планирани приходи во буџетот во 2020 и планираните расходи за развојни програми за 2020, а се направи и избор на програмите за дискусија на наредните сесии.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Струмички камион удрил во автобус – Возачите и повеќе патници завршија во болница

Објавено

на

На 16.10.2019 во 12.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(27) од Струмица и автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ц.(28) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18), сите од Скопје, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


Facebook

Нови написи

Струмицапред 7 часа

Во Струмица беше одбележан 18-ти Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе

По насоките од страна на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, а во...

Струмицапред 15 часа

Одржана втората сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица

Се одржа и втората форумска сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица 2019/2020. Граѓаните и овој пат се вклучија активно...

Струмицапред 1 ден

Струмички камион удрил во автобус – Возачите и повеќе патници завршија во болница

На 16.10.2019 во 12.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода...

Струмицапред 2 дена

Во петок ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“ во Струмица

Во петок на 18-ти октомври, со почеток во 13 часот ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“...

Струмицапред 2 дена

Црвен крст средствата собрани од кампањата „Помислете и на нас“ ќе ги донира на социјално загрозени семејства

По повод Светскиот ден на гладта, Црвен крст на Република Македонија ОО Струмица, денес ја организираше кампања под мотото „Помислете...

Струмицапред 2 дена

Учениците од „Димитар Влахов“ го одбележаа Светскиот ден на храната

Учениците и вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната со традиционалниот саем на...

Популарно