Струмица
Се чистеше каналот долж „Крушевска Република”

Екипи од „Комуналец” започна со чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“.
Рачно и со механизација се врши есенско чистење на поројот од треви кои вегетирале во летниот и есенскиот период и од разновиден отпад кој граѓаните го фрлале во него.
Се апелира посебно до граѓаните кои живеат покрај каналот, својот отпад да не го фрлаат во него туку да го пријават на телефонски број 034 325 909 за истиот да биде подигнат.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”.
Среќната фискална сметка која на Наталија и донела 100.000 денари била во износ од само 160 денари.
Среќната Наталија упати порака до сите учесници во наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда да ја скенираат секоја сметка, затоа што секоја сметка е важна.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа на превртено комби возило. Употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца, кадети, јуниори и сениори.
Карате клубот „Шихан“ од Струмица освои 4 златни и еден сребрен медал.
Наградените учесници со златни медали се: Милош Китановиќ – „деца”, Александра Стојановска – „кадети”, Максим Илиев – „кадети”, Спасе Стојанов – „сениори“, додека сребрениот медал му припадна на Филип Пасков во категорријата „деца”.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.