Поврзете се со нас

Спорт

Сара Стојанова – капитенка на ЖРК „Струма“-Струмица преминува во „Вардар“

Објавено

на

Сара Стојанова – капитенката на ЖРК „Струма“ – Струмица, преминува во „Вардар“. Стојанова по одржаниот прв тренинг со тимот на Анџала Платон, ќе замине на базични подготовки за Србија.

Инаку Сара е родена 2004-та година, а од 2013-та е член во ЖРК „Струма“. Како предводник во тимот, таа беше најдобар стрелец, со просек од 13 голови по натпревар.

„Сара е едно од најталентираните девојчиња во мојата десетгодишна кариера како тренер во ЖРК „Струма“. Девојче со одлични физички предиспозиции, карактер и домашно воспитување. Миленичка во клубот и на публиката. И предвидувам одлична кариера. Очекувам наскоро да ја видиме во државниот дрес, па во иднина и некој поголем трансфер надвор од државата“ – изјави тренерот на „Струма“ – Мите Белмезов.

Во 10-те години постоење, „Струма“ беше расадник на неколку девојчиња со интернационални кариери, меѓу кои: Љупка Белмезова, Ребека Петрова, Зорица Михајлова и Наталија Пецанова.

„Во овие услови кои ги имаме горди сме на нашиот учинок како тренерски тим, заедно со Љубе Бучевски и Мите Пандев. Продолжуваме понатаму со желба за следни вакви моменти на успех“ – додава Белмезов.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спорт

[ВИДЕО] Одбојкарите од „Европското“ пречекани со звукот на оркестарот на Џамбо Агушев

Објавено

на

На овогодинешното Европско првенство во одбојка кое се одржа во Љубљана, Словенија, од 15 репрезентативци, 9 беа струмичани.

Иако екипата на Македонија не успеа да се пласира во осминафиналето, тие издвоија две значајни победи од кои една против домаќинот Словенија и ја кренаа македонската јавност на нозе.

Одбојкарите вчера попладне пристигнаа во Скопје каде беа пречекани од бројни обожаватели и со музика од оркестарот на Џамбо Агушев.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Пречек на нашите одбојкари…Everybody is welcome in Password ✨

Gepostet von Password Production am Donnerstag, 19. September 2019
Прочитај повеќе

Спорт

Градоначалникот Коста Јаневски упати честитки до одбојкарите

Објавено

на

Во тек е Европското првенство во одбојка кое овојпат се одржува во Љубљана, Словенија на кое учествува и репрезентацијата на Македонија каде од 15 репрезентативци дури 9 се од Струмица.

Градоначалникот на Струмица, господинот Коста Јаневски по големите успеси на одбојкарите на првенството на својот Фејсбук профил упати честитки.

„Честитки до нашите одбојкари. Браво за нашите струмички момчиња кои одлично ја презентираат струмичката одбојкарска школа. Ви посакувам, спортската среќа вечерва да биде ваш сојузник и да го продолжите натпреварувањето на Европското првенство.“ напиша првиот човек на општина Струмица.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Спорт

Градскиот стадион „Младост“ во Струмица преименуван во „Благој Истатов“

Објавено

на

Претседателот на ФК „Беласица“ – Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“, во чест на фудбалската легенда на ФК „Беласица“ и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица.

Благој Истатов настапувал за ФК „Беласица“ до 1968 година, кога потпишал за ФК „Победа“ од Прилеп. Во 1973 станува дел од белградски ФК „Партизан“, за која екипа има одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК „Утрехт“.

Истатов почина минатата година на 27. септември, на возраст од 71 година.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


Facebook

Нови написи

Струмицапред 7 часа

Во Струмица беше одбележан 18-ти Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе

По насоките од страна на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, а во...

Струмицапред 15 часа

Одржана втората сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица

Се одржа и втората форумска сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица 2019/2020. Граѓаните и овој пат се вклучија активно...

Струмицапред 1 ден

Струмички камион удрил во автобус – Возачите и повеќе патници завршија во болница

На 16.10.2019 во 12.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода...

Струмицапред 2 дена

Во петок ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“ во Струмица

Во петок на 18-ти октомври, со почеток во 13 часот ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“...

Струмицапред 2 дена

Црвен крст средствата собрани од кампањата „Помислете и на нас“ ќе ги донира на социјално загрозени семејства

По повод Светскиот ден на гладта, Црвен крст на Република Македонија ОО Струмица, денес ја организираше кампања под мотото „Помислете...

Струмицапред 2 дена

Учениците од „Димитар Влахов“ го одбележаа Светскиот ден на храната

Учениците и вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната со традиционалниот саем на...

Популарно