Поврзете се со нас

Струмица

Реакција на струмичките советници од Коалицијата „За подобра Македонија“ на договорот за собирање смет кој го потпиша „Комуналец“

Објавено

на

Членовите од Советот на Општина Струмица од Коалицијата „За подобра Македонија“ денес одржаа прес-конференција на која го изразија незадоволството од потпишаниот договор на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, тежок 1.2 милиони евра, со приватна фирма од Струмица, за чистење на смет од општината.

Советничката група при обраќањето праша која е таа фирма од Струмица која веќе има соодветна опрема за собирање на смет, ако досега единствено „Комуналец“ имаше ингеренции за тоа, за што ја користеле и побараа надлежните институции да проверат кога истата ја набавиле.

Како што беше нагласено во говорот на советникот Сашо Милковски, причината која директорот на „Комуналец“ ја даде за оправданоста на потпишувањето на Договорот за нив е дискутабилна и како што додаде граѓаните прашуваат дали е нормално јавното претпријатие чија основна дејност е да го чисти сметот да ги предаде своите работни обврски на друго правно лице на сметка повторно на граѓаните.

„Во оваа општина започна и, веќе 15 години се случува еден процес на финансиски поврзани садови, по системот ,,пола пие – пола на коњот му дава”. Заради тоа се случува на државните тендери да се пријавува најчесто една група на фирми. но, ова мора да престане и некој да сноси одговорност за неуспешно менаџирање!“ истакна Миленковски.

Вчера во интервју за „Вис“ телевизија, директорот на „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев рече дека не само што договорот е позитивен, принерски пример за тоа како комуналните претпријатија треба да се справуваат со се поголемите потреби на граѓаните, туку и дека истиот ќе има финансиски бонефити, т.е. заштеда на средства.

Како што посочи тој, сумата од милион и двесте илјади евра е максималната сума која приватната фирма може да ја добие, но „Комуналец“ може да искористи и услуги за помала сума, дури и само 10% од тоа, но не прецизираше кој тоа ќе одлучува кога Јавното претпријатие ќе ја активира најмената механизација.

Овој случај го привлече вниманието на граѓаните пред се поради високата сума на договорот кој доаѓа во период која „Комуналец“ е едно од најзадолжените јавни претпијатија во државата.

Договорот за собирање на смет „Комуналец“ го потпиша на 25-ти минатиот месец, со фирмата ДПТУ „Дасмак“ ДООЕЛ увоз-извоз од Струмица.

Прес конференција 01.12.2019 Сашко Милковски

Прес конференција 01.12.2019 Сашко Милковски СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА КОАЛИЦИЈАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО – ДПМНЕ ДЕНЕСКА ПРЕД УПРАВНАТА ЗГРАДА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ КОМУНАЛЕЦ ОД СТРУМИЦА ГО ИЗРАЗУВА НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ГРАЃАНИТЕ ОД ДОСЕГА НЕВИДЕН СКАНДАЛ ! СТАНУВА ЗБОР ЗА ВЕЌЕ ОБЈАВЕНИОТ ДОГОВОР СО КОЈ, ЗАМИСЛЕТЕ: КОМУНАЛЕЦ ОД СТРУМИЦА ЗА МИЛИОН И ДВЕСТЕ ИЛЈАДИ ЕВРА СО ДОГОВОР АНГАЖИРА ПРИВАТНА ФИРМА ЗА СОБИРАЊЕ НА СМЕТ. ДИСКУТАБИЛНАТА ПРИЧИНА ЗА ОВОЈ СКАНДАЛЕН ЧИН ДИРЕКТОРОТ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО СО ЛЕСНО ЈА ОБЈАСНУВА: ДОТРАЕНОСТ НА ВОЗИЛАТА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ И ШИРОКИОТ РЕГИОН ЗА ЧИСТЕЊЕ. ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРАШУВАТ: ДАЛИ Е НОРМАЛНО ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ДА ГО ЧИСТИ СМЕТОТ ДА ГИ ПРЕДАДЕ СВОИТЕ РАБОТНИ ОБВРСКИ НА ДРУГО ПРАВНО ЛИЦЕ НА СМЕТКА ПОВТОРНО НА ГРАЃАНИТЕ ? СО ПОЛОВИНА ИЛЈАДА ВРАБОТЕНИ ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЌЕ ГИ ПРЕДАДЕ СВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ДРУГО ОЧИГЛЕДНО – ПОЕФИКАСНО ПРАВНО ЛИЦЕ. ДАЛИ Е НОРМАЛНО ДРУГА ФИРМА ДА ИМА ПОДОБРА МЕХАНИЗАЦИЈА ОД СПЕЦИФИЧЕН ТИП И ЗАРАДИ КОИ АКТИВНОСТИ ВЕЌЕ ЈА ПОСЕДУВА ТАА МЕХАНИЗАЦИЈА, И ОСОБЕНО НАДЛЕЖНИТЕ ДА УТВРДАТ КОГА ЈА НАБАВИЛА? ДА ПОТСЕТИМЕ: ПРЕД ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ ПОКАЧЕНА Е ЦЕНАТА НА ВОДАТА, ПРЕД ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ СЕ СОГЛАСИВМЕ НА НОВ КРЕДИТ ЗАРАДИ МЕНУВАЊЕ НА БРОИЛАТА, А ВАМУ ИСПАЃА ДЕКА СМЕ ИМАЛЕ ПАРИ ДУРИ И ЗА ПРИВАТНИ ФИРМИ. ВО ОВАА ОПШТИНА ЗАПОЧНА И, ВЕЌЕ 15 ГОДИНИ СЕ СЛУЧУВА ЕДЕН ПРОЦЕС НА ФИНАНСИСКИ ПОВРЗАНИ САДОВИ, ПО СИСТЕМОТ ,,ПОЛА ПИЕ – ПОЛА НА КОЊОТ МУ ДАВА". ЗАРАДИ ТОА СЕ СЛУЧУВА НА ДРЖАВНИТЕ ТЕНДЕРИ ДА СЕ ПРИЈАВУВА НАЈЧЕСТО ЕДНА ГРУПА НА ФИРМИ. НО, ОВА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ И НЕКОЈ ДА СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕУСПЕШНО МЕНАЏИРАЊЕ! СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА ЗА БУДНО ЌЕ ЈА СЛЕДИ ОВАА СИТУАЦИЈА И ЌЕ ГИ ИЗВЕСТУВА ГРАЃАНИТЕ И ЌЕ ЈА ИЗВЕСТИ МЕЃУНАРОДНАТА ЈАВНОСТ ЗА ОВОЈ СКАНДАЛ !

Gepostet von Александар Донев am Sonntag, 1. Dezember 2019


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Општина Струмица го реализира Планот за чист воздух

Објавено

на

Продолжуваме со реализацијата на активностите од Планот за чист воздух. Една од приоритетните компоненти на Планот за чист воздух е директното справување со причините за загадувањето, која ги вклучува мерките кои се однесуваат на замена на начинот на затоплување на јавните објекти, истакна Градоначалникот Јаневски во свое јавно обраќање.

Деновиве се врши промена на нееколошките системи за греење, односно приклучување на гасоводната мрежа на:
-КЛОН 1 на градинката „Детска радост“ кај стариот театар
-Зградата на урбанизам и комунални работи
-Поранешната зграда на ЈПКД „Комуналец“
-Во подрачното училиште „Маршал Тито“ Банско од дрва на ТНГ
-Со добиен грант од 5.000.000 денари од Владата на Република Северна Македонија започна приклучувањето на гасоводната мрежа на болницата.

Јаневски додаде и тоа дека во завршна фаза е промената на дрвената столарија во домот на АРМ со што се зголемува енергетската ефикасност на овој објект.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Ученикот Ненад Петров прогласен за најдобар играч – Се одржаа училишните игри по повод Денот на заштитниците на Струмица

Објавено

на

Денот на заштитниците на Струмица, Свети 15 Тивериополски свештеномаченици, учениците од средните и основните училишта од општина Струмица, го одбележаа со спортски натпревари.

Во конкуренција на средни училишта, првото место во баскет го освои екипата на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, а во конкуренција на основни училишта, првото место во кошарка го освои ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.

За најдобар играч беше прогласен ученикот Ненад Петров.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

СКУП: Општина Струмица рекордер во потрошени средства за репрезентација

Објавено

на

И покрај јавните заложби за домаќинско и рационално раководење со буџетот, во реалност повеќето од општините продолжуваат да не штедат кога се во прашање народните пари. Истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека 64 општини од Република С.Македонија, само за репрезентација во последните три години, вкупно потрошиле 2.220.634 евра. Во просек, во овој временски период секоја општина потрошила по околу 34 илјади евра, или над 11 илјади евра годишно.

Општина Струмица рекордер во трошењата за репрезентација во споредба со останатите општини. Во последните три години оваа единица на локалната самоуправа, само за гозби останати активности за застапување на институцијата, по угостителски објекти и фирми направила сметка во износ од 230.073 евра. Втора на листата е Струга со 169.648 евра, следена од Прилеп со 161.866 евра, Битола 153.392 евра и Ѓорче Петров 101.535 евра. Додека пак, најмалку потрошила општина Пласница, 1.155 евра, а до 3.000 евра потрошиле Зрновци, Ранковце, Кратово и Студеничани.

Според правилниците во општините, под поимот „репрезентација“ се подразбираат средства кои се користат за одржување и одбележување на настани, годишници, празници, семинари, работилници, како и настани и активности од интерес на работењето на општините. Средствата најчесто се однесуваат на освежителни и алкохолни пијалаци, храна, карти за спортски и културни настани, подароци за посебни прилики како сувенири, марами, вратоврски, нотеси, канцелариски прибор (пенкала), календари и друг репрезентативен материјал. Во репрезентација вклучени се и организирани посети, работни состаноци со внатрешни соработници и надворешни претставници на делегации, државни институции итн.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 3 дена

Општина Струмица го реализира Планот за чист воздух

Продолжуваме со реализацијата на активностите од Планот за чист воздух. Една од приоритетните компоненти на Планот за чист воздух е...

Струмицапред 3 дена

Ученикот Ненад Петров прогласен за најдобар играч – Се одржаа училишните игри по повод Денот на заштитниците на Струмица

Денот на заштитниците на Струмица, Свети 15 Тивериополски свештеномаченици, учениците од средните и основните училишта од општина Струмица, го одбележаа...

Струмицапред 4 дена

СКУП: Општина Струмица рекордер во потрошени средства за репрезентација

И покрај јавните заложби за домаќинско и рационално раководење со буџетот, во реалност повеќето од општините продолжуваат да не штедат...

Струмицапред 4 дена

Куклиш доби нова детска градинка

Денес во село Куклиш беше пуштена во употреба новата детска градинка. На свеченоста по поводот беа присутни Министерката за труд...

Струмицапред 4 дена

Автомобил излетал од патот на делницата Робово – Муртино

Денес 12.12.2019 година (четврток) во 02.18 часот на патот Робово – Муртино, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4...

Струмицапред 5 дена

Струмичани среќни со Државна лотарија: Сузана си доби најнов „iPhone“, Жанко 20.000 денари

Сузана Мурова од Ново Село, Струмица е најновата добитничка на мобилен телефон iPhone XR од инстант лозот „Среќен роденден“. Добитниот...

Популарно