Поврзете се со нас

Спорт

Пораз за „Астраион“: „Младост“ – Богданци шампион во Плеј-аут првата машка ракометна лига

Објавено

на

Пораз за РК „Астраион“ – Струмица по синоќешниот дерби натпревар на домашен терен, против РК „Младост“ – Богданци, во кој, загуби со резултат 24:20 (12:7).

Како главен конкурент за прво место, „Астраион“ беше симнат од престолот, а борбеноста и мотивираноста на ракометарите на „Младост“ ги направи шампиони во Плеј-аут првата машка ракометна лига на Македонија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спорт

Ристо Николов од „Џио“ е избран за најдобар спортист – Доделени наградите „Спортист на годината“

Објавено

на

Одбојкарот Ристо Николов од екипата на „Џио“ од Струмица и член на македонската одбојкарска репрезентација е избран за најдобар струмички спортист на манифестацијата „Спортист на годината“ која синоќа се одржа во Струмица.

За најдобар тренер е прогласен Југослав Тренчовски од „Академија Пандев“, а најдобра екипа е актуелниот одбојкарски шампион и освојувач на купот-екипата на „Џио“ – Струмица.

„Ми беше чест што бев заедно со најдобрите и на спортистите кои беа прогласени за најдобри во сите категории им посакувам уште поголеми успеси во оваа година.“ изјави градоначалникот Коста Јаневски, кој на манифестацијата им ги врачи наградите на избраните спортисти.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Спорт

Ученичката Симона Кирова од Струмица освои прво место на маратонот „Неврокоп трча” во Бугарија

Објавено

на

Во организација на средното стручно училиште НПГ „Димитар Талев“ од градот Гоце Делчев, Република Бугарија, викендот се одржа маратонот „Неврокоп трча“ на кој што учествуваа 150 натпреварувачи во четири категории, учествуваа и 14 ученици од основни и средни училишта од Струмица.

Во категоријата основни училишта првото место го освои Симона Кирова, а второто Викторија Трајкова и двете ученички од ООУ „Никола Вапцаров“ и во категоријата средни училишта второто место го освои Елена Стојкова од СОУ „Никола Карев“ и третото место Никола Сирачев од СОУ „Димитар Влахов“.

Средното општинско училиште „Никола Карев“ има воспоставено соработка со средното училиште НПГ „Димитар Талев“ и на 23 октомври ќе го посетат училиштето и ќе разменат искуства за образованието, а возвратната посета во Струмица е планирана за во ноември годинава.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Спорт

[ВИДЕО] Одбојкарите од „Европското“ пречекани со звукот на оркестарот на Џамбо Агушев

Објавено

на

На овогодинешното Европско првенство во одбојка кое се одржа во Љубљана, Словенија, од 15 репрезентативци, 9 беа струмичани.

Иако екипата на Македонија не успеа да се пласира во осминафиналето, тие издвоија две значајни победи од кои една против домаќинот Словенија и ја кренаа македонската јавност на нозе.

Одбојкарите вчера попладне пристигнаа во Скопје каде беа пречекани од бројни обожаватели и со музика од оркестарот на Џамбо Агушев.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Пречек на нашите одбојкари…Everybody is welcome in Password ✨

Gepostet von Password Production am Donnerstag, 19. September 2019
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 13 часа

Детали за сообраќајката која изутринава го затвори патот Струмица – Валандово

Изутринава на патот Струмица – Валандово, околу 9.30 часот се случи сообраќајна несреќа по што истиот беше затворен за сообраќај....

Струмицапред 17 часа

Амбасадорката на Обединетото кралство и нејзините соработници во посета на Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна...

Струмицапред 19 часа

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

Од 10:35 часот сообраќајот на патниот правец Струмица-Валандово кај Куклишка крстосница е нормализиран за сите типови возила.  Претходно правецот беше...

Струмицапред 21 час

Доделени наградите на Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура – Струмица 2020

Жири-комисијата на 21. Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура – Струмица 2020 изврши селекција на пристигнатите афоризми и карикатури и...

Струмицапред 22 часа

Сузана Гавазова обожава нудистички плажи, а мрази пача

Познатата македонска фолк пејачка, згодната Сузана Гавазова, се појави во Јутуб серијалот „90 секунди”. Атрактивната струмичанка во временски рок од...

Струмицапред 1 ден

Во Струмица се одржа јавна трибина за промоција на новиот Закон за спречување од дискриминација

Локалното координативното тело за заштита од дискриминација и „Мрежата за заштита од дискриминација“ денеска организираа јавна трибина за промовирање на...

Популарно