Поврзете се со нас

Струмица

Поради континуираната загаденост на воздухот во Струмица на сила стапија препораките за заштита

Објавено

на

Поради настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, т.е. надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 175 µg/m3, 2 и повеќе последователни дена на 10.01.2020, 11.01.2020), Општина Струмица излезе со известување дека е потребно информирање на граѓаните согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со објавување на текстот на овој допис на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на http://air.moepp.gov.mk/

Во овој случај на стабилна временска состојба и надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 и повеќе последователни дена на 10.01.2020 -, 11.01.2020 µg/m3)  со среднодневни концентрации над 175 µg/m3) градоначалникот на Општина Струмица ги објавува следниве препораки:

– Препораката за ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација  и децата ,

– Да се ослободат од работни обврски бремени жени , лицата постари од 60 години , лица со хронична астма , лица со прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста .

– Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот,

– Забрана за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено ,

– Обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош , домашната посета и патронажната служба .

– На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашина, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот .

– Да  не се гори  пелевина од иверици и други отпадни материјали за користење како огревно средство.

– Социјална помош за лицата кои не можат да обезбедат средства за загревање на домот со цел да се избегне палењето синтетика, пластика, гума и слични токсични материјали за огрев.

– За истата категорија на луѓе на терет на општината да се преземат мерки за чистење на оџаците.

– Забрана за движење низ целото градско подрачје на нерегистрирани возила, во кои спаѓаат возилата кои сечат огревни дрва насекаде во градот.

– Привремена ограничување на емисиите од инсталациите со А и Б интегрирани дозволи и помалите стопански капацитети, а овластениот инспектор да врши зачестени контроли на инсталациите, да се спроведат мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со цел да се  утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисии во воздухот.

– Да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла .

– Автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30.

– Дотур на стока да се врши до 7:30 часот.

– Поради опасните нивоа на загаденост на воздухот, во случај на повеќе дневно надминување на прагот на алармирање, треба да се воведат итни мерки за ограничување на сообраќајот во градското централно подрачје при што приватниот автомобилски сообраќај да биде забранет во центарот на градот. Забраната да не ги опфаќа јавните автобуси, такси-возилата, итните    транспортни возила, брзата медицинска помош и полициските возила.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Објавено

на

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”.

Среќната фискална сметка која на Наталија и донела 100.000 денари била во износ од само 160 денари.

Среќната Наталија упати порака до сите учесници во наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда да ја скенираат секоја сметка, затоа што секоја сметка е важна.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Објавено

на

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа на превртено комби возило. Употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Објавено

на

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца, кадети, јуниори и сениори.

Карате клубот „Шихан“ од Струмица освои 4 златни и еден сребрен медал.

Наградените учесници со златни медали се: Милош Китановиќ – „деца”, Александра Стојановска – „кадети”, Максим Илиев – „кадети”, Спасе Стојанов – „сениори“, додека сребрениот медал му припадна на Филип Пасков во категорријата „деца”.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 3 дена

Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”. Среќната фискална сметка...

Струмицапред 1 недела

Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари...

Струмицапред 1 месец

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 1 месец

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 1 месец

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 1 месец

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Популарно