Поврзете се со нас

Регион

Одбиена жалбата на „Еуромакс Рисорсис“, рудник во Иловица и Штука нема да има

Објавено

на

„Со голема радост и возбуда ве известуваме дека Рудник на смртта во Иловица и Штука – нема да има, ова е голема победа за екологијата во Македонија“, објавија  еколошките здруженија од Струмица и струмичките села Штука и Иловица откако во медиумите осамна веста дека второстепената Комисија за одлучување во управна постапка донесла одлука со која се одбива жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“, пишува meta.mk.

Со ова решението за одбивање станува правосилно и целосно се отвара патот за конечно одземање на концесијата според повеќе основи наведени во законот за минерални суровини, се вели во соопштението на здружението „Еко-долина“ од Струмица, кое беше дел од отпорот на месното население против изградба на рудникот за бакар и злато во Иловица.

Целиот текст прочитајте го тука.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Регион

Прогласена вонредна состојба на територијата на цела држава

Објавено

на

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на цела државата која ќе трае 30 дена, со можност да биде продолжена по предлог на Владата.

Ова е прв пат во историјата на Република Македонија да се прогласи вонредна состојба, што според претседателот ја отсликува сложеноста на истата и ризикот за сите нас.

„Очекувам владата да биде на висина на задачата. Очекувам владата, министерствата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, дневно да информираат за сите активности како и за ажурираните планови во иднина. Владата ќе продолжи да функционира како техничка, што значи дека придонес ќе даваат и претставниците на опозицијата, односно партиите ќе работат заеднички за здравјето на луѓето и нема да се грижат за партискиот рејтинг“, додаде Пендаровски во своето излагање.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Регион

Завршија Јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници

Објавено

на

Со жителите на населените места Куклиш, Градско Балдовци и Просениково, завршија Јавните собири кои што на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски  се одржаа пред креирањето на буџетот на општина Струмица за 2020 година. Градоначалникот Јаневски и неговите соработници одржаа собири со граѓаните од сите 8 урбани заедници и населените места Вељуса, Водоча, Баница, Дабиле, Муртино, Сачево, Габрово, Банско, Свидовица, Рич, Попчево, Костурино, Раборци, Добрејци, Куклиш, Градско Балдовци и Просениково.

На собирите се разговараше за потребите на граѓаните и заедно се утврдуваа приоритетите за наредната буџетска година. Општина Струмица повеќе години наназад ги одржува Јавните собири граѓаните со цел заедничко креирање на буџетот на Општината и подобрување на условите за живот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Босилово

На иницијатива на градоначалникот собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници

Објавено

на

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 04 ноември до 13 ноември 2019 година, на иницијатива на Градоначалникот, согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници.

За I, III, IV и V урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2019 година во големата сала на Дом на АРМ, со почеток во 19 часот;
За II, VI, VII и VIII урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2019 година во големата сала на Дом на АРМ, со почеток во 20 часот;
Во с. Вељуса собирот ќе се одржи на ден 05.11.2019 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
Во с. Водоча собирот ќе се одржи на ден 05..11..2019 година во училиштето , со почеток во 19 часот;
Во с. Баница собирот ќе се одржи на ден 05.11.2019 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с.Дабиље собирот ќе се одржи на ден 06.11.2019 година во училиштето со почеток во 18 часот;
Во с. Муртино собирот ќе се одржи на ден 06.11.2019 година во училиштето со почеток во 19 часот;
Во с. Сачево собирот ќе се одржи на ден 06.11.2019 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с. Габрово собирот ќе се одржи на ден 07.11.2019 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
Во с. Банско собирот ќе се одржи на ден 07.11.2019 година во училиштето ,со почеток во 19 часот;
Во с. Свидовица собирот ќе се одржи на ден 07.11.2019 година училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с. Рич собирот ќе се одржи на ден 11.11.2019 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
Во с. Попчево собирот ќе се одржи на ден 11.11.2019 година во училиштето, со почеток во 19 часот;
Во с. Костурино собирот ќе се одржи на ден 12.11.2019 година во Домот на култура во село Костурино, со почеток во 18 часот;
Во с. Раборци собирот ќе се одржи на ден 12.11.2019 година во училиштето, со почеток во 19 часот;
Во с. Добрејци собирот ќе се одржи на ден 12.11.2019 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с.Куклиш собирот ќе се одржи на ден 13.11.2019 година во Спортската сала во село Куклиш, со почеток во 18 часот;
Во село Градско Балдовци собирот ќе се одржи на ден 13.11.2019 година во училиштето, со почеток во 19 часот;
Во с. Просениково собирот ќе се одржи на ден 13.11.2019 година во Пензионерскиот дом во село Просениково, со почеток во 20 часот;

Денот, часот и местото на одржување на јавните собири јавно ќе бидат објавени и во просториите на урбаните, односно месните заедници, на огласната табла во зградата нa локалната самоуправа и на веб страната на општина Струмица.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 1 недела

Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги...

Струмицапред 1 недела

Земјоделците кои планираат да работат за време на продолжениот викенд потребно е да се најават

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства...

Струмицапред 1 недела

Поради пандемијата „Струмица опен фест“ ќе им даде шанса на струмичките музичари

Денес портпаролот на СДСМ и поранешен градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, објави дека поради пандемијата значително ќе се намалат...

Магазинпред 2 недели

Мајка ѝ на Александра Јанева во солзи ја пее емотивната „Врати ми го Сонцето“

Едно од најголемите музички имиња во Македонија, струмичанката Александра Јанева е активна и на социјалната мрежа „Тик Ток“. Додека снимаше...

Струмицапред 2 недели

Како лекар и градоначалник, Јаневски со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита

Градоначалникот на општина Струмица, по професија лекар, упати апел до сите граѓани на општината да ги почитуваат мерките за заштита...

Струмицапред 2 недели

Првиот заразен со ковид-19 од општина Струмица е лице на 32-годишна возраст

32-годишно лице е првиот пациент позитивен на новиот коронавирус на територијата на општина Струмица. Од она што засега е познато...

Популарно