Струмица
Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават на располагање своите маркети со цел обезбедување на НАЈНЕОПХОДНИТЕ НАМИРНИЦИ И ТОА ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ДОСТАВА, а согласно приоритетните барања на граѓаните за времетраењето на полицискиот час во престојниот празничен викенд 24 и 25 мај (недела и понеделник) своите ПРИЈАВИ да ги достават на следната е-маил адреса: [email protected].
Рок за достава на пријавата е до 23.05.2020 (сабота) до 15 часот.
Во пријавата потребно е да се наведе целосен назив на фирмата.
Економскиот оператор потребно е лицето кое ќе ја врши доставата да го најави во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено да ја врши доставата за време на забраната за движење.
Старите и изнемоштени лица да ги користат телефонските броеви на волонтерите на општина Струмица (071 345 901, 075 271 710) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош во пазарување на основни намирници и лекови, како и плаќање на сметки.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”.
Среќната фискална сметка која на Наталија и донела 100.000 денари била во износ од само 160 денари.
Среќната Наталија упати порака до сите учесници во наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда да ја скенираат секоја сметка, затоа што секоја сметка е важна.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа на превртено комби возило. Употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца, кадети, јуниори и сениори.
Карате клубот „Шихан“ од Струмица освои 4 златни и еден сребрен медал.
Наградените учесници со златни медали се: Милош Китановиќ – „деца”, Александра Стојановска – „кадети”, Максим Илиев – „кадети”, Спасе Стојанов – „сениори“, додека сребрениот медал му припадна на Филип Пасков во категорријата „деца”.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.