Струмица
Како лекар и градоначалник, Јаневски со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита

Градоначалникот на општина Струмица, по професија лекар, упати апел до сите граѓани на општината да ги почитуваат мерките за заштита од заразата со Ковид-19.
„Според денешната статистика на Министерството за здравство, во нашата Општина е регистриран првиот потврден случај на инфицирано лице со коронавирусот. Како Градоначалник и Лекар сакам да ве уверам дека место за паника нема. Надлежните институции ги презедоа сите мерки за заштита коишто се утврдени и се применуваат во вакви случаи.
Упатувам јавна молба до сите вас, да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид 19, а тоа значи задолжително носење заштитна маска, одржување социјална дистанца и никако собирање во поголеми групи.
Да издржиме и покажеме уште поголема одговорност кон сопственото и јавното здравје. Да не дозволиме нашата Струмица да стане ново жариште на Ковид 19.“ се вели во обраќањето на градоначалникот на социјалните мрежи.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”.
Среќната фискална сметка која на Наталија и донела 100.000 денари била во износ од само 160 денари.
Среќната Наталија упати порака до сите учесници во наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда да ја скенираат секоја сметка, затоа што секоја сметка е важна.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа на превртено комби возило. Употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Струмица
4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца, кадети, јуниори и сениори.
Карате клубот „Шихан“ од Струмица освои 4 златни и еден сребрен медал.
Наградените учесници со златни медали се: Милош Китановиќ – „деца”, Александра Стојановска – „кадети”, Максим Илиев – „кадети”, Спасе Стојанов – „сениори“, додека сребрениот медал му припадна на Филип Пасков во категорријата „деца”.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.