Поврзете се со нас

Струмица

[Вознемирувачки фотографии] Искасапен коњ фрлен во канализацијата во Струмица причина за дефект во Пречистителната станица

Објавено

на

Деновиве во  Пречистителната Станица за Отпадни Води се случи несекојдневна ситуација која предизвика огромни проблеми, материјални трошкови и краток застој во работата.

Поточно на влезната груба решетка беа застанати остатоци од искасапено мртво животно т.е остатоци од мртов коњ.

Единствен начин да дојдат овие остатоци до Пречистителната Станица за Отпадни Води  е преку канализациониот систем од фекалната канализација на градот Струмица.

Тоа значи дека некој намерно и неодговорно го отворил капакот на канализационата шахта го искасапил животното и остатоците ги фрлил  во канилизациониот систем.

Дефектот се санира, Пречистителната  Станица за Отпадни Води покрај сите проблеми нормално ја извршува својата функција, а целиот овој немил настан е пријавен  до комуналниот инспектор на општина Струмица. 

Изненадени од ваквата непромислена постапка „Комуналец” апелира до граѓаните за совеснот и поодговорно однесување посебно во делот на користење на канализационата мрежа.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Во Струмица беше одбележан 18-ти Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе

Објавено

на

По насоките од страна на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, а во склоп на редовните активности на Црвен крст на Република Македонија Општинската организација Струмица на ден 18.10.2019 год. координирано се одбележа “18 Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе”.

Денот се одбележа со организирање на едукативна работилница во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица на учениците како најранлива категорија на лица подложни на трговијата со луѓе.

Едукативната работилница ја спроведоа врсничките едукатори на Црвен крст Струмица во соработка со вработените од одделот за превенција при СВР Струмица.

На работилницата беа присутни 61 ученик, кои активно беа вклучени во работилницата, имаа повеќе прашања на оваа тема и подробно се запознаа со проблематиката на трговијата со луѓе.

Со тоа се оствари целта за превенција и спречување на оваа негативна појава, младите да знаат кому и како да кажат не а со тоа да се намали бројот на жртвите на трговијата со луѓе.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Одржана втората сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица

Објавено

на

Се одржа и втората форумска сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица 2019/2020.

Граѓаните и овој пат се вклучија активно во креирањето и реализацијата на општинскиот буџет.

На оваа сесија беа презентирани остварените приходи во буџетот во 2019, планирани приходи во буџетот во 2020 и планираните расходи за развојни програми за 2020, а се направи и избор на програмите за дискусија на наредните сесии.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Струмички камион удрил во автобус – Возачите и повеќе патници завршија во болница

Објавено

на

На 16.10.2019 во 12.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(27) од Струмица и автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ц.(28) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18), сите од Скопје, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


Facebook

Нови написи

Струмицапред 7 часа

Во Струмица беше одбележан 18-ти Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе

По насоките од страна на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, а во...

Струмицапред 15 часа

Одржана втората сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица

Се одржа и втората форумска сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица 2019/2020. Граѓаните и овој пат се вклучија активно...

Струмицапред 1 ден

Струмички камион удрил во автобус – Возачите и повеќе патници завршија во болница

На 16.10.2019 во 12.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода...

Струмицапред 2 дена

Во петок ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“ во Струмица

Во петок на 18-ти октомври, со почеток во 13 часот ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“...

Струмицапред 2 дена

Црвен крст средствата собрани од кампањата „Помислете и на нас“ ќе ги донира на социјално загрозени семејства

По повод Светскиот ден на гладта, Црвен крст на Република Македонија ОО Струмица, денес ја организираше кампања под мотото „Помислете...

Струмицапред 2 дена

Учениците од „Димитар Влахов“ го одбележаа Светскиот ден на храната

Учениците и вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната со традиционалниот саем на...

Популарно