Поврзете се со нас

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски им го честита Денот на пожарникарите

Објавено

на

По повод 20. Мај – Денот на пожарникарството, Градоначалникот Коста Јаневски на својата Фејсбук страница испрати честитка до струмичките пожарникари

„Почитувани пожарникари од Територијалната противпожарна единица – СтрумицаДенешниов ден – 20 Мај во нашава земја традиционално се одбележува како Ден на пожарникарите.

Овој ден е Ваш ден, а во чест на вашата исклучително значајна професија. Сите дејности имаат свои специфики, но во пожарникарството се собрани пожртвуваноста, храброста, хуманоста, професионалноста, одговорноста, и редица други кои ја прават вашата професија една од најважните во нашата заедница, но и во општеството.

Вашата грижа за имотот на граѓаните, општината и татковината и борбата со пожарите, е нешто кои заслужуваат внимание и исклучителна почит од сите нас.Горд сум на Вас и на сите Ваши херојски подвизи. Бидете и Вие горди на себе и на својата професија.Вие заслужувате услови за работа по мерка на професијата и вистинска валоризација на вашиот труд. Тое е и ќе биде наш приоритет во работењето. Бидете живи и здрави и нека ви е честит и вековит Денот на пожарникарите“. напиша Јаневски на Фејсбук.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Објавено

на

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават на располагање своите маркети со цел обезбедување на НАЈНЕОПХОДНИТЕ НАМИРНИЦИ И ТОА ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ДОСТАВА, а согласно приоритетните барања на граѓаните за времетраењето на полицискиот час во престојниот празничен викенд 24 и 25 мај (недела и понеделник) своите ПРИЈАВИ да ги достават на следната е-маил адреса: [email protected].

Рок за достава на пријавата е до 23.05.2020 (сабота) до 15 часот.

Во пријавата потребно е да се наведе целосен назив на фирмата.
Економскиот оператор потребно е лицето кое ќе ја врши доставата да го најави во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено да ја врши доставата за време на забраната за движење.

Старите и изнемоштени лица да ги користат телефонските броеви на волонтерите на општина Струмица (071 345 901, 075 271 710) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош во пазарување на основни намирници и лекови, како и плаќање на сметки.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Земјоделците кои планираат да работат за време на продолжениот викенд потребно е да се најават

Објавено

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од претстојниот празничен викенд (24 и 25.05.2020 година), телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење, каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. 

Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности. Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозвожи непречено движење во наведените денови, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Телефон за контакт во Општинскиот штаб за заштита и спасување Струмица: 034 336 120


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Струмица

Поради пандемијата „Струмица опен фест“ ќе им даде шанса на струмичките музичари

Објавено

на

Денес портпаролот на СДСМ и поранешен градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, објави дека поради пандемијата значително ќе се намалат средствата планирани за „Струмица опен фест”.

Тој во разговор со градоначалникот Јаневски бил информиран дека годинава ќе изостане учеството на големите балкански ѕвезди, а како што наведува тој во објавата, на негово задоволство ќе им се пружи шанса на домашните и локални музичари, како и на алтернативната музика.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 1 недела

Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги...

Струмицапред 1 недела

Земјоделците кои планираат да работат за време на продолжениот викенд потребно е да се најават

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства...

Струмицапред 1 недела

Поради пандемијата „Струмица опен фест“ ќе им даде шанса на струмичките музичари

Денес портпаролот на СДСМ и поранешен градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, објави дека поради пандемијата значително ќе се намалат...

Магазинпред 2 недели

Мајка ѝ на Александра Јанева во солзи ја пее емотивната „Врати ми го Сонцето“

Едно од најголемите музички имиња во Македонија, струмичанката Александра Јанева е активна и на социјалната мрежа „Тик Ток“. Додека снимаше...

Струмицапред 2 недели

Како лекар и градоначалник, Јаневски со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита

Градоначалникот на општина Струмица, по професија лекар, упати апел до сите граѓани на општината да ги почитуваат мерките за заштита...

Струмицапред 2 недели

Првиот заразен со ковид-19 од општина Струмица е лице на 32-годишна возраст

32-годишно лице е првиот пациент позитивен на новиот коронавирус на територијата на општина Струмица. Од она што засега е познато...

Популарно