Поврзете се со нас

Регион

Апел до сите хумани граѓани и институции за помош на Катерина Рујковска

Објавено

на

Семејството на малата Катерина Рујковска од Миравци – Гевгелија упатува апел за помош до сите хумани граѓани и институции, за собирање финансиски средства за операција на рожницата на окото на Катерина, за таа да може да има нормален живот.

На 12.12.2018-та година на Катерина ѝ е закажан посебен хируршки зафат –  пресадување на рожница (шареница) во Специјалната болница „Свети вид“ во Белград, за која потребни се 5.000 евра.

Родителите Перо и Татијана не се во можност да ја обезбедат оваа сума и затоа молат за донации на трансакциската сметка за донација на Катерина.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Регион

Прогласена вонредна состојба на територијата на цела држава

Објавено

на

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на цела државата која ќе трае 30 дена, со можност да биде продолжена по предлог на Владата.

Ова е прв пат во историјата на Република Македонија да се прогласи вонредна состојба, што според претседателот ја отсликува сложеноста на истата и ризикот за сите нас.

„Очекувам владата да биде на висина на задачата. Очекувам владата, министерствата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, дневно да информираат за сите активности како и за ажурираните планови во иднина. Владата ќе продолжи да функционира како техничка, што значи дека придонес ќе даваат и претставниците на опозицијата, односно партиите ќе работат заеднички за здравјето на луѓето и нема да се грижат за партискиот рејтинг“, додаде Пендаровски во своето излагање.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Регион

Завршија Јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници

Објавено

на

Со жителите на населените места Куклиш, Градско Балдовци и Просениково, завршија Јавните собири кои што на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски  се одржаа пред креирањето на буџетот на општина Струмица за 2020 година. Градоначалникот Јаневски и неговите соработници одржаа собири со граѓаните од сите 8 урбани заедници и населените места Вељуса, Водоча, Баница, Дабиле, Муртино, Сачево, Габрово, Банско, Свидовица, Рич, Попчево, Костурино, Раборци, Добрејци, Куклиш, Градско Балдовци и Просениково.

На собирите се разговараше за потребите на граѓаните и заедно се утврдуваа приоритетите за наредната буџетска година. Општина Струмица повеќе години наназад ги одржува Јавните собири граѓаните со цел заедничко креирање на буџетот на Општината и подобрување на условите за живот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Босилово

На иницијатива на градоначалникот собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници

Објавено

на

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 04 ноември до 13 ноември 2019 година, на иницијатива на Градоначалникот, согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници.

За I, III, IV и V урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2019 година во големата сала на Дом на АРМ, со почеток во 19 часот;
За II, VI, VII и VIII урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2019 година во големата сала на Дом на АРМ, со почеток во 20 часот;
Во с. Вељуса собирот ќе се одржи на ден 05.11.2019 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
Во с. Водоча собирот ќе се одржи на ден 05..11..2019 година во училиштето , со почеток во 19 часот;
Во с. Баница собирот ќе се одржи на ден 05.11.2019 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с.Дабиље собирот ќе се одржи на ден 06.11.2019 година во училиштето со почеток во 18 часот;
Во с. Муртино собирот ќе се одржи на ден 06.11.2019 година во училиштето со почеток во 19 часот;
Во с. Сачево собирот ќе се одржи на ден 06.11.2019 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с. Габрово собирот ќе се одржи на ден 07.11.2019 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
Во с. Банско собирот ќе се одржи на ден 07.11.2019 година во училиштето ,со почеток во 19 часот;
Во с. Свидовица собирот ќе се одржи на ден 07.11.2019 година училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с. Рич собирот ќе се одржи на ден 11.11.2019 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
Во с. Попчево собирот ќе се одржи на ден 11.11.2019 година во училиштето, со почеток во 19 часот;
Во с. Костурино собирот ќе се одржи на ден 12.11.2019 година во Домот на култура во село Костурино, со почеток во 18 часот;
Во с. Раборци собирот ќе се одржи на ден 12.11.2019 година во училиштето, со почеток во 19 часот;
Во с. Добрејци собирот ќе се одржи на ден 12.11.2019 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
Во с.Куклиш собирот ќе се одржи на ден 13.11.2019 година во Спортската сала во село Куклиш, со почеток во 18 часот;
Во село Градско Балдовци собирот ќе се одржи на ден 13.11.2019 година во училиштето, со почеток во 19 часот;
Во с. Просениково собирот ќе се одржи на ден 13.11.2019 година во Пензионерскиот дом во село Просениково, со почеток во 20 часот;

Денот, часот и местото на одржување на јавните собири јавно ќе бидат објавени и во просториите на урбаните, односно месните заедници, на огласната табла во зградата нa локалната самоуправа и на веб страната на општина Струмица.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 9 месеци

Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”. Среќната фискална сметка...

Струмицапред 9 месеци

Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари...

Струмицапред 10 месеци

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 10 месеци

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 11 месеци

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 11 месеци

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Популарно