Спорт
Градоначалникот Коста Јаневски упати честитки до одбојкарите

Во тек е Европското првенство во одбојка кое овојпат се одржува во Љубљана, Словенија на кое учествува и репрезентацијата на Македонија каде од 15 репрезентативци дури 9 се од Струмица.
Градоначалникот на Струмица, господинот Коста Јаневски по големите успеси на одбојкарите на првенството на својот Фејсбук профил упати честитки.
„Честитки до нашите одбојкари. Браво за нашите струмички момчиња кои одлично ја презентираат струмичката одбојкарска школа. Ви посакувам, спортската среќа вечерва да биде ваш сојузник и да го продолжите натпреварувањето на Европското првенство.“ напиша првиот човек на општина Струмица.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Спорт
Ученичката Симона Кирова од Струмица освои прво место на маратонот „Неврокоп трча” во Бугарија

Во организација на средното стручно училиште НПГ „Димитар Талев“ од градот Гоце Делчев, Република Бугарија, викендот се одржа маратонот „Неврокоп трча“ на кој што учествуваа 150 натпреварувачи во четири категории, учествуваа и 14 ученици од основни и средни училишта од Струмица.
Во категоријата основни училишта првото место го освои Симона Кирова, а второто Викторија Трајкова и двете ученички од ООУ „Никола Вапцаров“ и во категоријата средни училишта второто место го освои Елена Стојкова од СОУ „Никола Карев“ и третото место Никола Сирачев од СОУ „Димитар Влахов“.
Средното општинско училиште „Никола Карев“ има воспоставено соработка со средното училиште НПГ „Димитар Талев“ и на 23 октомври ќе го посетат училиштето и ќе разменат искуства за образованието, а возвратната посета во Струмица е планирана за во ноември годинава.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Спорт
[ВИДЕО] Одбојкарите од „Европското“ пречекани со звукот на оркестарот на Џамбо Агушев

На овогодинешното Европско првенство во одбојка кое се одржа во Љубљана, Словенија, од 15 репрезентативци, 9 беа струмичани.
Иако екипата на Македонија не успеа да се пласира во осминафиналето, тие издвоија две значајни победи од кои една против домаќинот Словенија и ја кренаа македонската јавност на нозе.
Одбојкарите вчера попладне пристигнаа во Скопје каде беа пречекани од бројни обожаватели и со музика од оркестарот на Џамбо Агушев.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Спорт
Градскиот стадион „Младост“ во Струмица преименуван во „Благој Истатов“

Претседателот на ФК „Беласица“ – Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“, во чест на фудбалската легенда на ФК „Беласица“ и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица.
Благој Истатов настапувал за ФК „Беласица“ до 1968 година, кога потпишал за ФК „Победа“ од Прилеп. Во 1973 станува дел од белградски ФК „Партизан“, за која екипа има одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК „Утрехт“.
Истатов почина минатата година на 27. септември, на возраст од 71 година.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
-
Uncategorizedпред 7 дена
Почина Дени Стојчев поранешен одбојкар на „Џио” и репрезентативец
-
Струмицапред 1 недела
Градоначалникот Коста Јаневски бара поништување на договорот на „Комуналец“ за наем на приватна фирма за собирање смет
-
Струмицапред 1 недела
Утрово се запали куќа во Пиперево
-
Струмицапред 6 дена
Камион удри во електричен столб во Турново
-
Струмицапред 5 дена
Струмичани среќни со Државна лотарија: Сузана си доби најнов „iPhone“, Жанко 20.000 денари
-
Струмицапред 2 недели
На средбата со извршителите во Струмица не се појави ниту еден граѓанин
-
Струмицапред 5 дена
Во Струмица ќе се отвори школа за родители
-
Струмицапред 3 дена
Општина Струмица го реализира Планот за чист воздух