Поврзете се со нас

Василево

Започна реконструкцијата на патот кон браната „Турија”

Објавено

на

Општина Василево во соработка и партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со реконструкција на патот што води кон брана Турија. Реконструирани ќе бидат 800 метри почнувајќи од крстосницата пред с. Добрашинци. Вкупната ширина ќе биде 5,5 метри.

На денешниот старт на активностите на терен присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој информираше дека овој проект беше избран како приоритетен од страна на Советот за развој на Југоисточниот плански регион минатата година и за истиот Центарот за развој на Југоисточниот плански регион поднесе Барање за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.

„Реализацијата на овој проект е собено важна бидејќи овој пат води кон браната Турија од која со вода за пиење се снабдува дел од населението на општина Василево и градот Струмица а истовремено Брана Турија е и еден од најзначајните туристички локалитети на територија на нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Вкупниот буџет на проектот е околу 190 000 евра или 11 664 618 денари од кои 9 885 270 денари обезбедени од страна на Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и 1 779 348 денари од Буџетот на општина Василево.

Согласно планираната динамика и Договорот со изведувачот, активностите на терен треба да завршат во првите месеци од наредната година.

Работите на терен ги изведува градежната компанија Пешо Инженеринг.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Василево

Поради пожар затворен за сообраќај беше василевски пат во период од 2 часа

Објавено

на

Денес (вторник) 11.02.2020 година во 14.45 часот ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 15 пожарникари интервенираше на запалена сува трева, овоштарници, грмушки.

Гореше површина од околу 4 хектари во правец од затворот кон василевски пат поради кој истиот беше во прекин за сообраќај околу 2 часа.

Со брзата интервенција спречено е опожарување на блиските објекти.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Василево

Се запали камион на комуналното претпријатие на општина Василево

Објавено

на

Денес, 30.12.2019 година (понеделник) во 09.58 часот, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и 4 пожарникари интервенираше на гасење на запален камион на комунално претпријатие на Општина Василево.

Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Василево

Денес во Градашорци се одржа 12. традиционална манифестација „Ден на празот“

Објавено

на

Денес населеното место Градашорци беше домаќин на Манифестација Ден на празот, која во организација на општина Василево дванаесет години по ред успешно ја пренесува пораката за највкусниот, најровкиот и воопшто најдобриопт праз во државата и пошироко. Многубројните гости меѓу кои и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РС Македонија, Трајан Димковски, ги поздрави домаќинот на манифестацијата, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

„Преку денешната Манифестација, како локална самоуправа која се грижи за своите граѓани, праќаме порака до целокупната јавност дека сме подрачје во кое се произведува вкусна, квалитетна и пред се здрава храна. Но денес сме овде заради празот, градашорскиот, несомнено најдобриот не само во државата туку и пошироко“, им порача градоначалникот Јанев на многубројните посетители.

Свое обраќање имаше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој меѓу другото рече дека оваа манифестација е една од 57-те манифестации кои се одржуваат во државата кои добиваат и во иднина ќе добиваат финансиска поддршка од Министерство со цел да се даде значење не само на производот туку и зради нивното социјални значење кон земјоделците и кон останатите учесници кои преку својата вклученост ги одржуваат нашите традиции.

Големата трпеза од стотина специјалитетите од праз, подготвени од локалните домаќинки, традиционално, привлече огромно внимание и интерес кај присутните кои имаа можност да дегустираат но истовремено и да донираат средства. Втора година по ред манифестацијата има хуманитарен карактер. Од страна на организаторот на повеќе места беа поставени кутии за донации. Собраните средства ќе бидат донирани на лице на кое му е неопходна финансиска помош.

Со свои изработки кои исто така беа наменети за продажба, а средствата наменети за хуманитарни цели се претставија и основците од општината.

Бројните посетители уживаа во Програмата подготвена од учениците од општинските основни училишта, изведбите на културно уметничките друштва „Сушевски Бисери“ од Сушево и „Тримери“ од Струмица, како и забавниот дел за кој беа задолжени музичарите од Стакато бенд.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 1 недела

Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги...

Струмицапред 1 недела

Земјоделците кои планираат да работат за време на продолжениот викенд потребно е да се најават

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства...

Струмицапред 1 недела

Поради пандемијата „Струмица опен фест“ ќе им даде шанса на струмичките музичари

Денес портпаролот на СДСМ и поранешен градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, објави дека поради пандемијата значително ќе се намалат...

Магазинпред 2 недели

Мајка ѝ на Александра Јанева во солзи ја пее емотивната „Врати ми го Сонцето“

Едно од најголемите музички имиња во Македонија, струмичанката Александра Јанева е активна и на социјалната мрежа „Тик Ток“. Додека снимаше...

Струмицапред 2 недели

Како лекар и градоначалник, Јаневски со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита

Градоначалникот на општина Струмица, по професија лекар, упати апел до сите граѓани на општината да ги почитуваат мерките за заштита...

Струмицапред 2 недели

Првиот заразен со ковид-19 од општина Струмица е лице на 32-годишна возраст

32-годишно лице е првиот пациент позитивен на новиот коронавирус на територијата на општина Струмица. Од она што засега е познато...

Популарно