Поврзете се со нас

Василево

Последната делница од патот Василево-Струмица со коцка, е веќе минато

Објавено

на

Викендов, Јавното претпријатие за државни патишта го асфалтираше стариот пат Василево-Струмица, во делот од Добрејци до надвозникот кај Василево. Со тоа и последната делница од овој пат кој беше со коцка веќе е минато.

Како што истакна градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев, општина Василево до ЈП за државни патишта уште во текот на минатата година има поднесено барање за реконструкција на овој  дел од патот со оглед на постојната лоша состојба но и секојдневната експлоатација и фреквенција, посебно ако се има предвид фактот дека освен што поврзува две општини, од двете страни на патот се протега индустриската зона Василево.

Јанев додаде дека овој пат го користеа жителите на општината, но искористеноста се зголемува и поради индустриските капацитетите во овој дел,  а бидејќи сѐ уште беше со коцка, уште од лани било поднесено барање за реконструкција, по што, беше вметнат во програмата на ЈП за државни патишта. Овој пат претставува и меѓуопштински патен правец.

Со комплетното асфалтирање на оваа делница учесниците  во сообраќајот ќе добијат подобар квалитет и безбедност при патувањето.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Василево

Една жртва и 10 повредени е билансот од сообраќајната несреќа кај Василево

Објавено

на

Денес (понеделник) 08.06.2020 година, во 18.48 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш (на влезот во селото Василево) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу 2 патнички моторни возила.

Едно лице е починато на лице место, а 10 се потешко или полесно повредени. Користени се специјални хидраулични алатки за да се извадат повредените од возилата.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Василево

Поради пожар затворен за сообраќај беше василевски пат во период од 2 часа

Објавено

на

Денес (вторник) 11.02.2020 година во 14.45 часот ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 15 пожарникари интервенираше на запалена сува трева, овоштарници, грмушки.

Гореше површина од околу 4 хектари во правец од затворот кон василевски пат поради кој истиот беше во прекин за сообраќај околу 2 часа.

Со брзата интервенција спречено е опожарување на блиските објекти.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Василево

Се запали камион на комуналното претпријатие на општина Василево

Објавено

на

Денес, 30.12.2019 година (понеделник) во 09.58 часот, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и 4 пожарникари интервенираше на гасење на запален камион на комунално претпријатие на Општина Василево.

Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 10 месеци

Наталија Грчева од Пиперево добитник на 100.000 денари

Наталија Грчева од с. Пиперево е добитник на 100.000 денари во наградната игра „Мој ДДВ, моја награда”. Среќната фискална сметка...

Струмицапред 10 месеци

Се преврте комби возило. Интервенираа пожарникарите за извлекување на повредените лица.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валанандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари...

Струмицапред 11 месеци

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 11 месеци

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 11 месеци

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 11 месеци

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Популарно