Василево
Градоначалникот Марјан Јанев во Скопје ја презентираше техничката документација за јавно улично осветлување

Градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев заедно со претставници од стручните служби на општината присуствуваше на работилница за енергетска ефикасност за проекти за јавно улично осветлување. Работилницата се одржа во Скопје, во просториите на Стопанска комора, во организација на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, а во соработка со Проектот „Создавање услови за имплементација на ЕСКО проекти“,
Општина Василево како една од петте општини во државата во која ќе се имплементира проектот, пред присутните претставници на ЕСКО компаниите, Банките и експертите имаше презентација на техничката документација за јавното улично осветлување и нејзиниот опфат.
Според него, следниот чекор е објавување на јавна набавка за избор на ЕСКО компанија која ќе го реализира проектот на терен.
Бенефитот на општината е повеќекратен и долгорочен бидејќи се обезбедува квалитетно енергетски ефикасно улично осветлување кое континуирано ќе бележи заштеди односно пониски сметки за потрошена електрична енергија по основ на улично осветлување, како и опрема која и по завршувањето на договорот останува во сопственост на јавниот партнер односно на општината.
Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Македонија има потпишано Договор за соработка.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Василево
Една жртва и 10 повредени е билансот од сообраќајната несреќа кај Василево

Денес (понеделник) 08.06.2020 година, во 18.48 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш (на влезот во селото Василево) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу 2 патнички моторни возила.
Едно лице е починато на лице место, а 10 се потешко или полесно повредени. Користени се специјални хидраулични алатки за да се извадат повредените од возилата.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Василево
Поради пожар затворен за сообраќај беше василевски пат во период од 2 часа

Денес (вторник) 11.02.2020 година во 14.45 часот ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 15 пожарникари интервенираше на запалена сува трева, овоштарници, грмушки.
Гореше површина од околу 4 хектари во правец од затворот кон василевски пат поради кој истиот беше во прекин за сообраќај околу 2 часа.
Со брзата интервенција спречено е опожарување на блиските објекти.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Василево
Се запали камион на комуналното претпријатие на општина Василево

Денес, 30.12.2019 година (понеделник) во 09.58 часот, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и 4 пожарникари интервенираше на гасење на запален камион на комунално претпријатие на Општина Василево.
Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.