Ново Село
Денес во Ново Село ќе се спроведе крводарителска акција

Денес, 2-ри октомври, среда, од 09.00 до 14.00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица организира граѓанска крводарителска акција во Општина Ново Село во просториите на Општинската зграда .
Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да даруваат крв да повелат и да ја покажат својата хуманост.
Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација .
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Ново Село
Ново Село го регистрираше првиот случај на коронавирус објави Општината

Општина Ново Село објави дека на нејзината територија е регистриран првиот случај на заразено лице со коронавирус.
Како што се вели во соопштението од Општината оваа информација не треба да биде причина за паника, меѓутоа треба да биде апел сите строго да се придржуваат кон мерките и да покажат одговорност во заштита на јавното здравје.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Ново Село
Се запали полициски „Ланд Ровер” на граничниот премин „Ново Село”

На 11.02.2020 во 15.25 часот на Граничен премин „Ново Село“ било забележано дека излегува чад под хаубата на паркирано патничко возило „ланд ровер“, сопственост на МВР.
Полициски службеници го изгасиле пожарот, а бил извршен и увид.
Засега не се објавени причините поради кои дошло до палење на возилото.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Ново Село
Стопирана изградбата на патот над Старо Коњарево, а со тоа запира и сечата на дрвја

Жителите на Старо Коњарево во придружба на директорот на Македонски шуми, градоначаникот на Ново Село и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, излегоа на лице место и извршија увид во пробивањето на шумскиот пат над селото, а со тоа и како што велат штетната сеча на дрвја за што двапати излегоа на протести да го искажат своето незадоволство.
По средбата и разговорот со мештаните, функционерите беа едногласни дека сите градежни активности на овој пат треба и ќе бидат стопирани.
“За нас најважна е безбедноста на граѓаните и секако животната средина.Благодарам на трпението на граѓаните и апелирам до сите, бидете гласни за сите проблеми, тоа е убавината на демократијата, само заедно сплотени можеме да си ја направиме нашата држава поубаво место за живеење.” изјави Костадинов.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.