Поврзете се со нас

Магазин

Во сабота во Струмица ќе се одржи премиерата на монодрамата „Кротка”

Објавено

на

Во организација на Здружението за култура „Транзен“, на 21. декември, во Театарот „Антон Панов“, Сцена 112, ќе се одржи премиера на монодрамата „Кротка“, според новела на Фјодор М. Достоевски.

Новелата „Кротка“ е едно од подоцнежните дела на Достоевски. Таа е напишана според вистински настан за кој Достоевски дознал од петербуршките весници – самоубиството на млада, сиромашна девојка, која скокнала од прозорецот, држејќи ја семејната икона во рацете.

Во новелата, Достоевски ја слика бурната драма на судирот меѓу две личности, меѓу два пола, меѓу две генерации.

Новелата го покажува мајсторството на Достоевски во длабинското продирање во човековата психа, како да го снима процесот на мислење и функционирањето на психичките механизми.

Во резимето за монодрамата ,,Кротка” режисерот Дејан Ангелов ќе запише: – Кој е виновен за нејзината смрт ? Јас или таа? Се ли е дозволено? Се прашува нашиот херој. Тврдоглаво се фрла во црната дупка на апсолутната слобода, на злото, на самоспознанието. Ги истражуваат сопствените сили до крајни предели. Не монашка аскеза и студенило, туку огнено крштевање на Човекобогот во сопствените страсти, во вртлогот на животот, директно спознавање на злото.

“А можеби човек не ја сака само благосостојбата? Можеби исто толку го сака и страдањето? Страдањето – па нели тоа е единствената причина за сознанието? “ – се прашува антихеројот од “Записите од подземјето”. Прозорецот е отворен, a од него влегува светлина. Раката е подадена од спасителот, прашањето е – дали ќе може лихварот да се победи самиот себе и да ја спаси сопствената душа?”

Драматизацијата на текстот и режијата е на Дејан Ангелов, главната улога ја игра актерот Стојан Велков Трн, а музиката и музичкиот перформанс во претставата е на Ставре Ангелаков. Сценографијата и дизајнот се на ликовниот уметник Никола Пијанманов.

Претставата се реализира во копродукција со Народен театар „Антон Панов“ Струмица, а финансиски е поддржана од Г1 програмата на општина Струмица.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магазин

Мајка ѝ на Александра Јанева во солзи ја пее емотивната „Врати ми го Сонцето“

Објавено

на

Едно од најголемите музички имиња во Македонија, струмичанката Александра Јанева е активна и на социјалната мрежа „Тик Ток“.

Додека снимаше пијано верзија од нејзиниот најголем хит, макфестовскиот победник, „Врати ми го Сонцето“ и се придружи и мајка ѝ, која пеејќи ја емотивната балада заврши во солзи.

Александра вели дека за прв пат ја слуша мајка ѝ како пее и ја бодреше во текот на целото видео.

Врати ми го сонцето (TikTok Edition)

Мама пее – откритие во полициски час! 😂😍

Gepostet von Aleksandra Janeva am Samstag, 25. April 2020


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Магазин

Откажана Евровизија 2020

Објавено

на

Најголемиот музички настан во светот, Изборот за песна на Евровизија, кој годинава требаше да се одржи во Ротердам, Холандија е откажан поради пандемијата со коронавирус, изјавија челниците на фестивалот.

Во соопштението објавено на официјалната веб страница се вели дека ќе се направат сите напори во 2021. година настанот повторно да се одржи во Ротердам, но засега нема официјални информации.

Годинава Македонија требаше да ја претставува струмичанецот Васил Гарванлиев, со песната „You“.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Магазин

Слушнете ја евровизиската „You” на Васил Гарванлиев

Објавено

на

Струмичанецот Васил Гарванлиев годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија.

Тој во Ротердам пред европската публика ќе настапи со песната „You”, дело на авторката Невенка Нешковска, а текстот на Невенка, нејзината сестра Калина Нешковска.

Песната премиерно денес беше прикажана во „Дневникот“ на МРТВ.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 4 недели

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 4 недели

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 4 недели

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 1 месец

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Струмицапред 1 месец

Нов случај на Ковид-19 во Струмица

Министерот Филипче денес на конференција за пресс потврди дека е регистриран нов случај на коронавирус во Струмица. Денес се регистрирани...

Струмицапред 1 месец

Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги...

Популарно