Поврзете се со нас

Магазин

Се создава ли струмичка треп сцена? Објавена новата песна на Владо’Јо и Томи

Објавено

на

Во 2019-та година бевме сведоци на повеќе артисти од Струмица кои ги правеа првите чекори на треп сцената, што ни дава за право да тврдиме дека во градот полека се создава локално јадро на трепери кои „уличната” сцена ја менуваат за професионална, која очигледно бара многу повеќе труд, а најверојатно и скапо чини.

Струмица како урбана средина, покрај тетатарот, спортот и неколкуте музички имиња од поп и фолк сцената сигурно се збогатува со уште една група талентирани „лепотани”, кои со оглед на продукциската вредност на своите дела полека го вртат вниманието кон себе и потенцијалот кој го поседуваат да ја запечатат и како македонската треп „мека”.

Па така, својствено за една сцена во зародиш, без помпа и незгодни телевизиски промоции вчера беше објавена новата песна на Владо’Јо и Томи, двајцата струмичани, под насловот „Гори”.

Позади „Гори” стои музичката и видео продукција „Еуфорија”. Музиката е потпишана од самиот Владо’Јо, додека текстот е заедничко дело на двајцата изведувачи.

Спотот за песната е снимен на повеќе локации во Струмица, од кои дворот на училиштето „Сандо Масев” е локацијата која доминира во истиот.

„Гори” е трет заеднички проект на Владо’Јо и Томи, по претходните „Бензема” и „Пабло” кои исто така се во продукција на „Еуфорија”.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магазин

Мајка ѝ на Александра Јанева во солзи ја пее емотивната „Врати ми го Сонцето“

Објавено

на

Едно од најголемите музички имиња во Македонија, струмичанката Александра Јанева е активна и на социјалната мрежа „Тик Ток“.

Додека снимаше пијано верзија од нејзиниот најголем хит, макфестовскиот победник, „Врати ми го Сонцето“ и се придружи и мајка ѝ, која пеејќи ја емотивната балада заврши во солзи.

Александра вели дека за прв пат ја слуша мајка ѝ како пее и ја бодреше во текот на целото видео.

Врати ми го сонцето (TikTok Edition)

Мама пее – откритие во полициски час! 😂😍

Gepostet von Aleksandra Janeva am Samstag, 25. April 2020


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Магазин

Откажана Евровизија 2020

Објавено

на

Најголемиот музички настан во светот, Изборот за песна на Евровизија, кој годинава требаше да се одржи во Ротердам, Холандија е откажан поради пандемијата со коронавирус, изјавија челниците на фестивалот.

Во соопштението објавено на официјалната веб страница се вели дека ќе се направат сите напори во 2021. година настанот повторно да се одржи во Ротердам, но засега нема официјални информации.

Годинава Македонија требаше да ја претставува струмичанецот Васил Гарванлиев, со песната „You“.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Магазин

Слушнете ја евровизиската „You” на Васил Гарванлиев

Објавено

на

Струмичанецот Васил Гарванлиев годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија.

Тој во Ротердам пред европската публика ќе настапи со песната „You”, дело на авторката Невенка Нешковска, а текстот на Невенка, нејзината сестра Калина Нешковска.

Песната премиерно денес беше прикажана во „Дневникот“ на МРТВ.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


 

Facebook

Нови написи

Струмицапред 3 недели

4 златни и еден сребрен медал за карате клубот „Шихан” од Струмица

Вчера, по прв пат во Македонија, се одржа Државното првенство – онлајн натпревар, во Традиционално карате во категорија за деца,...

Струмицапред 4 недели

Два нови случаја на „Ковид-19“ во Струмица

Денес, според статистиката од изминатото деноноќие која ја објави Министерството за здравство, во Струмица регистрирани се два нови случаја на...

Струмицапред 4 недели

Струмичанка починала откако ја удрил камион

Вчера на 04.06.2020, попладне, кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се...

Uncategorizedпред 1 месец

АГАРТА ИНЖИНЕРИНГ ВРАБОТУВА

Агарта Инжинеринг – Струмица, компанија која се занимава со производство и монтажа на градежна столарија.Потребни квалификации: *Претходно работно искуство на...

Струмицапред 1 месец

Нов случај на Ковид-19 во Струмица

Министерот Филипче денес на конференција за пресс потврди дека е регистриран нов случај на коронавирус во Струмица. Денес се регистрирани...

Струмицапред 1 месец

Кризниот штаб ги повика маркетите кои сакаат да вршат достава за време на продолжениот викенд да достават пријава

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги...

Популарно