Магазин
Промоција на книгата со хаику песни „Симфонија од бои“ на Никола Д. Сарајлија – Македонски

На 6-ти декември 2019 г., петок, со почеток од 18 часот, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи промоција на книгата со хаику песни „Симфонија од бои“ на Никола Д. Сарајлија – Македонски.
Оваа му е петта книга на авторот, кој претходно ги објавил книгите со песни „Промени и спомени“ (1992), „Скала од вода“ (2007), „Меѓи на сонот“ (2009), како и книгата хаибуни „Продавач на илузии“ (2014).
Промотор на настанот е д-р Марина Мијаковска, презентер актерката Јулија Милкова, а модератор Ѓорги Калајџиев.
„Во секој од циклусите не случајно има по осум хаикуа, а бројот осум во нумерологијата означува хармонија и бесконечност. Не случајно Сарајлија преку практикувањето на овој вид поезија , стегната и куса по форма, всушност трага по хармонијата и бесконечноста на мигот.“ е извадок од рецензијата на д-р Марина Мијаковска.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Магазин
Мајка ѝ на Александра Јанева во солзи ја пее емотивната „Врати ми го Сонцето“

Едно од најголемите музички имиња во Македонија, струмичанката Александра Јанева е активна и на социјалната мрежа „Тик Ток“.
Додека снимаше пијано верзија од нејзиниот најголем хит, макфестовскиот победник, „Врати ми го Сонцето“ и се придружи и мајка ѝ, која пеејќи ја емотивната балада заврши во солзи.
Александра вели дека за прв пат ја слуша мајка ѝ како пее и ја бодреше во текот на целото видео.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Магазин
Откажана Евровизија 2020

Најголемиот музички настан во светот, Изборот за песна на Евровизија, кој годинава требаше да се одржи во Ротердам, Холандија е откажан поради пандемијата со коронавирус, изјавија челниците на фестивалот.
Во соопштението објавено на официјалната веб страница се вели дека ќе се направат сите напори во 2021. година настанот повторно да се одржи во Ротердам, но засега нема официјални информации.
Годинава Македонија требаше да ја претставува струмичанецот Васил Гарванлиев, со песната „You“.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Магазин
Слушнете ја евровизиската „You” на Васил Гарванлиев

Струмичанецот Васил Гарванлиев годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија.
Тој во Ротердам пред европската публика ќе настапи со песната „You”, дело на авторката Невенка Нешковска, а текстот на Невенка, нејзината сестра Калина Нешковска.
Песната премиерно денес беше прикажана во „Дневникот“ на МРТВ.
Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.