Поврзете се со нас

Магазин

Претставата „Пипи долгиот чорап“ на репертоарот на струмичкиот театар

Објавено

на

Во сабота, на 21-ви септември, со почеток во 19 часот, на сцената при Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одигра детската претстава „Пипи долгиот чорап“.

„Пипи долгиот чорап“ по делото на Астрид Линдгрен е во режија на Драгана Таневска, драматизација Ацо Гогов, костими Ванчо Василев и сценографија на Драгана Таневска.

Улогите ги толкуваат: Пипи долгиот чорап – Анкица Бенинова, Томи – Игор Тодоров, Аника – Јулија Милкова, Наставникот – Ванчо Мелев, Дундер – Кире Ѓорѓиев и Блум – Ванчо Василев.

Влезницата за претставата чини 50 денари.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магазин

Славица Ангелова ја понесе наградата за најдобар дебитант на „Макфест“

Објавено

на

Славица Ангелова од Струмица, годинава за прв пат настапи на најпрестижниот фестивал за забавна музика во Македонија и ја понесе наградата за најдобар дебитант и парична награда во висина од 500 евра.

Славица на фестивалот настапи со песна, дело на Јован Јованов, Иван Јованов и Елвир Мекиќ, насловена како „Љубовта не боли“.

Пред нејзиниот прв настап на „Макфест“ можност да ја гледаме на телевизија имавме во шоуто „Ѕвезда број 1“ кое се емитуваше на националната „1 ТВ“.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Магазин

Трајче Ѓорѓиев настапи на првата фестивалска вечер на „Макфест“

Објавено

на

Младиот и талентиран струмичанец, Трајче Ѓорѓиев, вчеравечер настапи на првата фестивалска вечер на Макфест.

Тој пред штипската публика ја отпеа песната „Си одиш ти“, која е комплетно дело на авторот Тоше Поп – Симонов.

Трајче, бодовно вечерта ја заврши во втората половина од табелата, со што не успеа да се избори за место во финалната вечер на фестивалот, закажана за во сабота.

Публиката Трајче го запозна по своите фантастични настапи на регионалното талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Магазин

Денес во Струмица ќе се одржи промотивно пладне на литература за деца

Објавено

на

Денес, 9-ти октомври, среда, со почеток во 12.00 часот, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, по повод Светската недела на детето, ќе се одржи промотивно пладне на литература за деца.

Промовирани ќе бидат едицијата во десет книги „Најдобра кинеска литература за деца“ и најновата прозна книга на Киро Донев – „Дарко во ЗОО паркот“.

Во претставувањето на книгите, изданија на „Македоника литера“, ќе учествуваат: Ацо Гогов, Ана Витанова-Рингачева, Киро Донев и Нове Цветаноски. Актер: Јулија Милкова.

Антологиската едиција „Најдобрата кинеска литература за деца“ „Македоника литера“ ја реализираше како копродукциски проект со издавачката куќа „Делфин букс“ од Пекинг, НР Кина.

Во едицијата се застапени најпознатите и најчитаните современи кинески писатели за деца и за млади. Во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите
автори.

Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Како прилог, во книгите се објавени и текстови на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето
творештво.

Едицијата ги содржи следните избори: „Тајната на слатките јагоди“ од Танг Сулан, „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо, „Легенда за мечето Панда“ од Сун Јоуѓун, „Магичниот папагал“ од Ге Бинг, „Персискиот мачор Пек“ од Гао Хонгбо, „Малиот ној рицар“ од Лиу Сианпинг, „Божјиот фенер на морето“ од Донг Хонгјоу, „Приказни големи колку дланка“ од Џанг Ќуишенг, „Братучед ми доаѓа“ од Ќин Венѓун и „Вкусот на сонцето“ од Џанг Џилу.

Најновата прозна книга на Киро Донев „Дарко во ЗОО паркот“ е поделена во два дела. Во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни.

Претставени се преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните.

Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени се триесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нив
основната тема се животните и природата.

Цените на сите книги од едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“ и книгата „Дарко во зоо паркот“ ќе бидат промотивни, и тоа книгите со мека корица по цена од 100 денари, додека книгите со тврда корица 150 денари, јави НУЦК „Антон Панов“ од Струмица.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе


Facebook

Нови написи

Струмицапред 7 часа

Во Струмица беше одбележан 18-ти Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе

По насоките од страна на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, а во...

Струмицапред 15 часа

Одржана втората сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица

Се одржа и втората форумска сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица 2019/2020. Граѓаните и овој пат се вклучија активно...

Струмицапред 1 ден

Струмички камион удрил во автобус – Возачите и повеќе патници завршија во болница

На 16.10.2019 во 12.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода...

Струмицапред 2 дена

Во петок ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“ во Струмица

Во петок на 18-ти октомври, со почеток во 13 часот ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“...

Струмицапред 2 дена

Црвен крст средствата собрани од кампањата „Помислете и на нас“ ќе ги донира на социјално загрозени семејства

По повод Светскиот ден на гладта, Црвен крст на Република Македонија ОО Струмица, денес ја организираше кампања под мотото „Помислете...

Струмицапред 2 дена

Учениците од „Димитар Влахов“ го одбележаа Светскиот ден на храната

Учениците и вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната со традиционалниот саем на...

Популарно