Поврзете се со нас

Магазин

„Гето“ е насловот на новата песна од Ген

Објавено

на

Раперот со струмичко потекло Ген ја објави својата најнова песна насловена како „Гето“.

Музиката за песната е компонирана од DMSBEATZ, а аранжманот и текстот се на самиот Ген.

Спотот кој е снимен во Сигрисвил, Берн, е режиран од Борис Наков за
LAKAS’ Creative Lab.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вести

ФКТ „Ристо Шишков“ го затвораат театрите од Битола и Скопје

Објавено

на

Вечерва на последната вечер од Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ќе бидат одиграни претставите „Мис на предградие“ и „Мечка“.

Претставата „Мис на предградие“ според текстот на Мартин Мекдона, на Малиот драмски театар од Битола ќе биде одиграна во 19 часот. Режисер е Ник Аппер, а главните улоги ги толкуваат Јоана Поповска, Марија Стефановска, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

Во 20.30 часот, пред струмичката публика ќе играат глумците од Н.У. Театар Комедија од Скопје во претставата „Мечка“ во режија на Димче Николовски.

Актерската екипа ја сочинуваат Жаклина Петровска, Жарко Димовски и Илија Илиоски.

За наградата за високо актерско остварување која што се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот, актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, се натпреваруваат педесетина актери.

За наградата ќе одлучува жири комисија предводена од минатогодишниот добитник на наградата, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Коло Вандов од Бугарија и режисерот Драган Јаковлевиќ од Србија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Вести

Отворена изложбата со дела од Меѓународната струмичка ликовна колонија

Објавено

на

Отворена изложбата на дела создадени на Меѓународната струмичка ликовна колонија.

Во фоајето на центарот за култура ,,Антон Панов” изложени се 40-те дела создадени на овогодинешната 56-та по ред Меѓународна струмичка ликовна колонија, како своевиден сублимат на творечкиот порив на 14-те ликовни творци од САД, Полска, Русија, Србија, Грција, Бугарија и Севера Македонија.

Со изложените дела, пребогатиот пет и пол децениски фонд на колонијата ја надмина импозантната бројка од 2.600 дела, кои во различни ликовни дисциплини ги создадоа бројните уметници од сите светски меридијани.

Тоа е непроценливо богатство кое ја осведочува ликовната историја на нашиот град и држава. Општина Струмица и годинава ја поддржа оваа реномирана ликовна манифестација.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Вести

„Стаклена менажерија“ и „Актер – човек“ на третата вечер од ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Објавено

на

Денес, од 20 часот, како дел од програмата предвидена за третата вечер на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ќе биде одиграна претставата „Стаклена менажерија“, а веднаш по неа театарскиот перформанс „Актер – човек“.

„Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, на екипата од Народниот театар „Глигор Прличев“ од Охрид е во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Доцниот термин од 22 часот вечерва е резервиран за театарскиот перформанс „Актер – човек“ дело на Теа Беговска, а учествуваат актерите Никола Кузелов, Надица Петрова и Даријан Петров.

Фестивалот ќе се одржува од 8-ми до 12-ти септември во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица каде ќе бидат одиграни 9 театарски перформанси на театри од Хрватска, Бугарија и Македонија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

 

Facebook

Нови написи

Вестипред 16 часа

Изгаснат пожарот на Валандовско брдо

Вечерва, на Валандовско брдо, ТППЕ Струмица учествуваше во гасење на поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума. Интервенцијата траеше...

Вестипред 17 часа

Градскиот стадион „Младост“ во Струмица преименуван во „Благој Истатов“

Претседателот на ФК „Беласица“ – Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта...

Вестипред 19 часа

Во Костурино запалени 300 стари гуми – Интервенираше и Пожарната

Денес, во с.Костурино, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари учествуваше во гасење на околу 300 стари гуми....

Вестипред 1 ден

Изгоре товарно возило и дел од кровна конструкција

Денес во 03.50 часот наутро на ул.Маршал Тито на излезот кон фабриката Еленица, ТППЕ Струмица учествуваше во гасење на запалено...

Вестипред 2 дена

Симулација на сообраќајна несреќа и пружање прва помош во центарот на Струмица

По повод Светскиот ден на првата помош 14. септември, ЦКРМ ОО – Струмица организираше показна вежба со симулација на сообраќајна...

Вестипред 3 дена

Екипата на ТППЕ Струмица повлечена од жариштето поради опасност од експлозии – Пожарот во Самоилово сè уште активен

Вчера екипата на ТППЕ Струмица интервенираше во близина на с.Самоилово веднаш до граничниот појас со Р. Бугарија каде гори нискостеблеста...

Популарно