Поврзете се со нас

Босилово

Општина Босилово во фаза на објавување нови тендери од 13 милиони денари:продолжува градежната офанзива

Објавено

на

Општина Босилово е во фаза на објавување на нови два тендери во висина од 13 милиони денари, од кои еден дел од средствата се обезбедени од министерството, а значаен дел повторно се заштедени со домаќинско работење од буџетот на општина Босилово.

Со тоа, продолжува градежната офанзива во општина Босилово.

Деновиве општината активно работи на асфалтирање на локални улици и патишта низ населените места. Во тек се подготовките и градежните активности за асфалтирање на улица во населено место Дрвош. 


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Босилово

Се подготвува теренот за изградба на улица во населено место Сарај

Објавено

на

Од

Започнаа подготовките за припрема на теренот за изградба на локалната улица во населено место Сарај – соопшти првиот човек на општина Босилово, Зоран Зимбаков.

Локацијата е помеѓу училиштето и Домот на културата, што значи дека учениците и сите други граѓани, со почетокот на новата учебна година нема повеќе да одат по кал а истовремено се прави и спој со две постоечки асфалтирани улици – додава Зимбаков.

Општината во изминатиов период засилено работи на асфалтирање на локалните патишта и улици во повеќе населени места, се со цел олеснување на секојдневието на своите жители.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Босилово

Почнаа градежните активности за изградба на улица во Моноспитово

Објавено

на

Од

Денес започнаа градежните активности за изградба на улица во населеното место Моноспитово, во „Чифлик маало“ во должина од 327 метри.

Како што и претходно беше најавено од страна на Зоран Зимбаков – Градоначалник на општина Босилово, градежната офанзива ќе се одвива во неколку населени места низ општината, при што ќе бидат изградени и асфалтирани локални улици и патишта, се со цел олеснување на секојдневието на жителите.

Вчера почна асфалтирањето на локална улица и во населеното место Робово. Се очекува овие активности да завршат за околу еден месец.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Босилово

Почна асфалтирањето на локална улица во населено место Робово

Објавено

на

Од

Започнати се градежните активности околу изградбата и асфалтирањето на локалната улица во Робово, финансирана од сопствениот буџет на општина Босилово, во должина од 209,3 метри.

Улицата насочува кон селските гробишта и депонијата и ќе ја користат поголем дел од граѓаните.

Како што истакна првиот човек на Босилово – Зоран Зимбаков, во ова населено место ќе биде асфалтирана уште една улица годинава и тоа на потегот од училиштето кон магистралниот пат А4-стар пат, во должина од 367 метри.

Зимбаков додава дека асфалтирањата на улици и патишта продолжуваат понатаму и во останатите населени места.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

 

Facebook

Нови написи

Вестипред 15 часа

Изгаснат пожарот на Валандовско брдо

Вечерва, на Валандовско брдо, ТППЕ Струмица учествуваше во гасење на поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума. Интервенцијата траеше...

Вестипред 16 часа

Градскиот стадион „Младост“ во Струмица преименуван во „Благој Истатов“

Претседателот на ФК „Беласица“ – Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта...

Вестипред 18 часа

Во Костурино запалени 300 стари гуми – Интервенираше и Пожарната

Денес, во с.Костурино, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари учествуваше во гасење на околу 300 стари гуми....

Вестипред 24 часа

Изгоре товарно возило и дел од кровна конструкција

Денес во 03.50 часот наутро на ул.Маршал Тито на излезот кон фабриката Еленица, ТППЕ Струмица учествуваше во гасење на запалено...

Вестипред 2 дена

Симулација на сообраќајна несреќа и пружање прва помош во центарот на Струмица

По повод Светскиот ден на првата помош 14. септември, ЦКРМ ОО – Струмица организираше показна вежба со симулација на сообраќајна...

Вестипред 2 дена

Екипата на ТППЕ Струмица повлечена од жариштето поради опасност од експлозии – Пожарот во Самоилово сè уште активен

Вчера екипата на ТППЕ Струмица интервенираше во близина на с.Самоилово веднаш до граничниот појас со Р. Бугарија каде гори нискостеблеста...

Популарно