Поврзете се со нас

Вести

Фудбалерот со струмичко потекло Никола Секулов, потпиша за „Јувентус“

Објавено

на

Младиот фудбалер Никола Секулов, кој по потекло е од Струмица, а роден во Италија, потпиша професионален договор со италијанскиот калчолигаш „Јувентус“.

Иако 17 годишниот Секулов беше иднината на македонскиот фудбал, сепак, тој го искористи правото да игра за земјата во која е роден, откако имаше несогласувања со Фудбалската федерација на Македонија.

Секулов на својот фејсбук профил напиша: „Ова е специјален момент за мене и мојата фамилија, бидејќи по толку многу жртви, сонот да станам професионален фудбалер на „Јувентус“ се оствари“.

Инаку, тој веќе неколку години е член на младинските категории на „Јувентус“ .


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Коментирај

Остави одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вести

Изгаснат пожарот на Валандовско брдо

Објавено

на

Вечерва, на Валандовско брдо, ТППЕ Струмица учествуваше во гасење на поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума.

Интервенцијата траеше од 21.20 – 23.00 часот. Интервенирано е со 1 ПП возило и 4 пожарникари.

Пожарот е успешно локализиран ликвидиран.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Вести

Градскиот стадион „Младост“ во Струмица преименуван во „Благој Истатов“

Објавено

на

Претседателот на ФК „Беласица“ – Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“, во чест на фудбалската легенда на ФК „Беласица“ и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица.

Благој Истатов настапувал за ФК „Беласица“ до 1968 година, кога потпишал за ФК „Победа“ од Прилеп. Во 1973 станува дел од белградски ФК „Партизан“, за која екипа има одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК „Утрехт“.

Истатов почина минатата година на 27. септември, на возраст од 71 година.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

Вести

Во Костурино запалени 300 стари гуми – Интервенираше и Пожарната

Објавено

на

Денес, во с.Костурино, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари учествуваше во гасење на околу 300 стари гуми.

Интервенцијата на Пожарната започна во 15.25 часот и траеше 2 часа до целосно ликвидирање на оганот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Vesti.SR е дел од 034 Медија Груп. Покрај Vesti.SR групацијата е издавач и на онлајн медиумите 24Gevgelija.mk, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.
Прочитај повеќе

 

Facebook

Нови написи

Вестипред 15 часа

Изгаснат пожарот на Валандовско брдо

Вечерва, на Валандовско брдо, ТППЕ Струмица учествуваше во гасење на поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума. Интервенцијата траеше...

Вестипред 16 часа

Градскиот стадион „Младост“ во Струмица преименуван во „Благој Истатов“

Претседателот на ФК „Беласица“ – Славчо Васков – Пинда, донесе одлука, денес, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта...

Вестипред 18 часа

Во Костурино запалени 300 стари гуми – Интервенираше и Пожарната

Денес, во с.Костурино, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари учествуваше во гасење на околу 300 стари гуми....

Вестипред 24 часа

Изгоре товарно возило и дел од кровна конструкција

Денес во 03.50 часот наутро на ул.Маршал Тито на излезот кон фабриката Еленица, ТППЕ Струмица учествуваше во гасење на запалено...

Вестипред 2 дена

Симулација на сообраќајна несреќа и пружање прва помош во центарот на Струмица

По повод Светскиот ден на првата помош 14. септември, ЦКРМ ОО – Струмица организираше показна вежба со симулација на сообраќајна...

Вестипред 2 дена

Екипата на ТППЕ Струмица повлечена од жариштето поради опасност од експлозии – Пожарот во Самоилово сè уште активен

Вчера екипата на ТППЕ Струмица интервенираше во близина на с.Самоилово веднаш до граничниот појас со Р. Бугарија каде гори нискостеблеста...

Популарно